Валмиера (општина)

општина во Латвија

Валмиера (латвиски: Valmieras novads) — општина во северна Латвија, на околу 180 км западно од главниот град Рига. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е градот Валмиера.

Општина Валмиера
Valmieras novads
општина
Центарот на Валмиера со црквата „Св. Симон“ во позадина
Центарот на Валмиера со црквата „Св. Симон“ во позадина
Знаме на Општина ВалмиераГрб на Општина Валмиера
Местоположба на општината во Латвија
Местоположба на општината во Латвија
Земја Латвија
Основана2021
СедиштеВалмиера
Површина[1]
 • Вкупна2.948 км2 (1,138 ми2)
Население
 • проц. од (2021)[1]51.370
 • Седиште22.971
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоvalmiera.lv

Географија

Селото Зилајскалнс во истоимената жупа зиме.
Гранитната скулптура „Бели ноќи“ која ја означува најсеверната точка на Латвија во жупата Ипиќи.[2]

Општината Валмиера зафаќа површина од 2.948 км2.[1] Се наоѓа во северозападниот дел на областа Виѕеме во северна Латвија, на границата со Естонија. Се граничи со општините Валка на исток, Смилтене на југоисток, Цесис на југ и Лимбажи на запад. Исто така се граничи со естонските окрузи of Перну на северозапад, Вилјанди на север и Валга на североисток. Најсеверната точка на Латвија е сместена на границата со Естонија во жупата Ипиќи и е обележана со скулптура.[2]

Највисока точка во општината е Зилајскалнс со надморска висина од 127 м.[3] Старите Латгалци овој рид го сметале за свет, а на него во советско време живеела народната исцелителка Марта Зилајскалнска.[4] Возвишението Сакала се протега од јужна Естонија во северниот дел на општината, и неговата највисока точка во Латвија е ридот Пикас со 107,6 м.н.в.[5]

Поважни реки во општината Валмиера се:

  • Гауја, чие течение спротиводно од градот Валмиера е прогласен за заштитен предел „Зиемељгауја“,[6] а низводното е во Националниот парк Гауја;[7] and
  • Салаца, која го одводнува езерото Буртниекс, најголемо во општината.[3]

Северниот дел на општината влегува во Биосферниот резерват Северно Виѕеме.

Историја

Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Општината Валмиера е образувана со спојување на градот Валмиера со дотогашните општини Беверина, Буртниеки, Коцени, Мазсалаца, Наукшени, Рујиена и Стренчи.[8] Со исклучок на општината Стренчи, овие единици биле составни делови на поранешниот округ Валмиера.

Административна поделба

Во 2021 г. општинскиот совет на валмиера имал 19 члена.[9]

Општината се дели на градот Валмиера, 4 паланки и 26 жупи:[8][10]

Град
Паланки
  • Мазсалаца
  • Рујиена
  • Седа
  • Стренчи
Жупи
  • Берзаине
  • Бренгуљи
  • Буртниеки
  • Вајдава
  • Вецате
  • Вецпилс
  • Вилпулка
  • Дикљи
  • Евле
  • Зилајскалнс
  • Ипиќи
  • Јери
  • Јерцени
  • Каугури
  • Коцени
  • Лоде
  • Мазсалаца
  • Матиши
  • Наукшени
  • Плањи
  • Рамата
  • Ренцени
  • Сељи
  • Скањкалне
  • Триката
  • Ќоњи

Население

Валмиера е втора општина по населеност во Латвија, веднаш по Огре.[11] Се проценува дека во 2021 г. во неа живееле 51.370 лица. Ова претставува пад за 24 % од проценетите 67.433 во 2000 г. и пад од 11 % во однос на 57.854 жители на во 2011 г.[1]

Градот Валмиера брои 22.971 жители (2021).[12]

Стопанство и инфраструктура

Во 2018 г. градот Валмиера имал БДП по глава на жител од 16.918 евра, на второ место по главниот град Рига.[13] Претставува регионално средиште на производството и образованието.[14][15] Во градот се наоѓа Виѕемската виша школа.

Низ општината оди државниот пат A3 и железничката линија Рига-Лугажи,[3] која ја поврзува Валмиера со Рига на југозапад и Валка на североисток (на естонската граница).

Наводи

Надворешни врски