Буркина Фасо на Олимписките игри

Буркина Фасо за првпат се појавила на Олимписките игри во 1972 година под името Горна Волта. Пауза во учеството е направена до 1988 година кога праќала свои спортисти под новото име на државата Буркина Фасо, и од тогаш има праќано спортисти на сите наредни одржани Летни олимписки игри.

Буркина Фасо на Олимписките игри

Знаме на Буркина Фасо
МОК-код BUR
НОКНационален олимписки и спортски комитет на Буркина Фасо
Олимписка историја
Летни олимпијади
1972* • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008

*Како Горна Волта

На Зимските олимписки игри Буркина Фасо никогаш немала свои претставници. Претставниците на Буркина Фасо заклучно со Летните олимписки игри одржани во 2008 година во Пекинг не освоиле ниедна олимписка медала.

Националниот олимписки комитет на Буркине Фасо (Comité National Olympique et des Sports Burkinabè) е основан во 1965 година, а е признат од страна на МОК во 1972 година.

Медали

Освоени медали на ЛОИ

Учество и освоени медали на Буркина Фасо на ЛОИ
Место на одржување Злато Сребро БронзаВкупно
1972 Минхен0000
1976 Монтреалне учествувала
1980 Москване учествувала
1984 Лос Анџелесне учествувала
1988 Сеул0000
1992 Барселона0000
1996 Атланта0000
2000 Сиднеј0000
2004 Атина0000
2008 Пекинг0000
2012 Лондон
Вкупно0000

Надворешни врски

  • „Освојувачи на олимписки медали“. Меѓународен олимписки комитет.
  • „Олимписки комитет на Буркина Фасо“. Меѓународен олимписки комитет.