Бумтаншки јазик

Бумташкиот (ѕонгка: བུམ་ཐང་ཁ་; Вајли: Bum-thang-kha), познат како бумтамски или бумтанпски, е источнободски јазик, дел од поголемото јазично семејство на синотибетски јазици. Јазикот се зборува од околу 36.500 луѓе во округот Бумтанг во централен Бутан.[1][2] Според Ван Дрим (1993) пишува дека јазикот е доминантен во централен Бутан.[2]

Бумтаншки јазик
Застапен воБутан
Говорници(36,500 во 1993 г.)
Јазично семејство
синотибетско
  • (тибетско-бурмански)
    • тибетско-канаурски
      • бодски
        • источнободски
          • бумтаншки јазик
Писмотибетско писмо
Јазични кодови
ISO 639-3kjz

Сродни јазици

Историски, бумтаншкиот имал блиски контакти со куртопскиот, нупбиканскиот и кенгканскиот јазик. Овие јазици се толку блиски што понекогаш може да се класифицираат во една група наречени бумтаншки јазици.[3][4][5] Бумтаншкиот јазик лингвистички сличен со кеншкиот јазик (92%), њенканскиот јазик (75%–77%) и со куртопскиот јазик (70%–73%). Помалку сличен е со ѕонгка (47%–52%) и цангалскиот јазик (40%–50%).[1]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски