Британски прекуморски територии

Британски прекуморски територии (англиски: British Overseas Territories) — четиринаесет територии на Обединетото Кралство кои се под негова управа, иако не се составен дел од кралството.[1] Тие се остатоци од Британската Империја кои немаат стекнато независност или изгласале да останат територии на Британија. Поимот „прекуморски територии“ е воведен во 2002, како замена за претходниот поим британска зависна територија (British Dependent Territory), воведен во 1981. Сè до 1981, териториите се нарекувале „Крунски колонии“ (Crown colonies).


Британски прекуморски територии
Знаме
Британските прекуморски територии (црвено), Обединетото Кралство (зелено), и крунските поседи (сино)
Британските прекуморски територии (црвено), Обединетото Кралство (зелено), и крунските поседи (сино)
Британските прекуморски територии (црвено), Обединетото Кралство (зелено), и крунските поседи (сино)

Освен Британската Антарктичка Територија (има само истражни станици) и областите Акротири и Декелија на Кипар и Британската Индоокеанска Територија (воени бази), сите прекуморски територии се постојано населени. Вкупната површина на териториите приближно изнесува 1 727 570 км2 (од кои 1 700 000 км2 отпаѓаат на Британската Антарктичка Територија), а населението брои вкупно 260 000 жители.[2][3]

Териториите Гернзи, Ман и Џерси исто така се под Британија, но имаат поинаков уставен однос со Обединетото Кралство како „крунски поседи“ (Crown Dependencies).[4][5] Британските прекуморски територии се целина независна од Комонвелтот, кој е доброволно здружение на земји кои имаат историски врски со Британската Империја.

Список на британски прекуморски територии

Четиринаесетте британски прекуморски територии се следниве:[6]

ЗнамеГрбИмеРегионПовршинаНаселениеГлавен град
АнгвилаКариби и Северен Атлантик146 км2[7]13 500[8]Вали
БермудаКариби и Северен Атлантик54 км2[9]64 000 (2007)[10]Хамилтон
Британска Антарктичка ТериторијаАнтарктик1 709 400 км2[7]50 зиме; над 400 лете[11]Истражна станица Ротера (главна база)
Британски Девствени ОстровиКариби и Северен Атлантик153 км2[12]27 000 (2005)[12]Роуд Таун
Британска Индоокеанска ТериторијаИндиски Океан46 км2[13]околу 3000 британски и американски воени лица.[14]Диего Гарсија (база)
ГибралтарПиринејски Полуостров6,5 км2[15]28 800 (2005)[16]Гибралтар
Јужна Џорџија и Јужните Сендвички ОстровиЈужен Атлантик4 066 км2[17]99[18]Кинг Едвард Поинт/Гритвикен
Кајмански ОстровиКариби и Северен Атлантик264 км2[19]51 384[19]Џорџ Таун
МонтсератКариби и Северен Атлантик101 км2[20]4 655 (2006)[20]Плимут (напуштен поради вулкан; де факто гл. град е Брејдс)
ПиткернТихи Океан45 км2
(сите острови)[21]
51 (2008)[22]Адамстаун
Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња  Јужен Атлантик420 км24 255 (само Св. Елена; 2008)[23]
1 275 (Вознесение и Тристан да Куња)[24]
Џејмстаун
Суверени бази Акротири и ДекелијаСредоземје (Кипар)255 км2[25]14 000 (околу половина се британски воени лица);Епископи
Туркс и КајкосКариби и Северен Атлантик430 км2[26]32 000 (2006)[26]Коберн Таун
Фолкландски ОстровиЈужен Атлантик12 173 км2[9]2 955 (2006)[27]Стенли

Валути

Териториите користат разни валути и комбинации, вклучувајќи ја британската фунта, американскиот долар и сопствени валути што напати се рамни на нив.

МестоМатична валута
  • Британска Антарктичка Територија
  • Тристан да Куња
  • Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови

британска фунта

  • Гибралтар

гибралтарска фунта(рамна на британската)

  • Фолкландски Острови

фолкландска фунта(рамна на британската)

  • Света Елена
  • Вознесение

светоеленска фунта(рамна на британската)

  • Британска Индоокеанска Територија
  • Британски Девствени Острови
  • Туркс и Кајкос

американски долар

  • Ангвила
  • Монтсерат

источнокарипски долар

  • Бермуда

бермудски долар(рамен на американскиот)

  • Кајмански Острови

кајмански долар

  • Питкерн

новозеландски долар

  • Акротири и Декелија

евро

Поврзано

Наводи

Надворешни врски