Богдан Шешиќ

српски филозоф

Богдан Шешиќ (21 јуни 1909 во Валево9 февруари 1999 во Белград) — српски филозоф со меѓународно реноме.[1]

Богдан Шешиќ
Роден21 јуни 1909
Валево, Кралство Србија
Починал9 февруари 1999(1999-02-09) (возр. 89)
Белград,  Сојузна Република Југославија
НационалностСрбин
Занимањефилозоф

Животопис

Дипломирал филозофија во Белград во 1934 година, а докторирал во Берлин во 1938 година.

Од 1947 година е примен за асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, а за предавач во 1951 година. Ги предавал предметите Логика, Историја на фолозофијата, Етика и Естетика. На Факултетот останува до 1954 година, кога се вработува на Филозофскиот факултет во Белград, станувајќи редовен професор во 1962 година.

Контактите со Филозофскиот факултет во Скопје ги продолжува преку честите гостувања со предавања и учество во комисии за оценка и одбрана на докторски дисертации.

Неговите книги ги користеа бројни генерации студенти. Автор е на голем број книги, расправи и статии објавени во меѓународни списанија.

Наводи