Благојка Демниева-Кузмановска

македонска учителка

Благојка Демниева-Кузмановска ( 1920 во Велес1999 во Скопје) — македонска наставничка, комунистички деец и учесник во НОБ.[1][2][3]

Благојка Демниева-Кузмановска
Родена1920
Велес, Кралство Југославија
Починала1999(1999-00-00) (возр. 78–79)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонка
Занимањенаставничка, комунистички деец и борка

Животопис

Како студент на факултетот во Белград, била член на КПЈ (1940), МК на КПЈ и МК на СКОЈ во Велес (есента 1941 година).[2][3] Во декември 1941 била уапсена од бугарската полиција и по иследување од шест месеци е интернирана во Златоград, Бугарија до почетокот на 1943 година. Во Велес повторно е уапсена и интернирана во женскиот логор „Св. Никола“ кај Асеновград, Бугарија. По краток престој на слобода, пак била уапсена и интернирана во селото Вршец кај Белогратчик во Бугарија, во периодот од април до август 1944 година.[1] По ослободувањето веднаш се вклучила во НОАВМ. Била член на ОК на КПМ, на Првиот областен комитет на КПМ, Главниот одбор на АФЖ на Македонија, Главниот одбор на ССРНМ итн.[1][3]

Поврзано

Наводи