Благоја Крстов

Благоја Аризанов Крстов ( 1923 во Прилеп4 април 1944 во Пробиштип, Македонија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Благоја Крстов
Роден1923 година
Прилеп
Починал4 април, 1944 година
Пробиштип

Животопис

Завршил основно училиште во Прилеп. Со своето семејство во 1935 година се доселиле во Скопје. Тука изучил занает и работел како бербер. Од 1943 година бил поврзан со Народноослободителното движење. Отпрвин бил ангажиран со заднинска работа. Во јануари 1944 година заминал во Кумановскиот партизански одред, а подоцна и се приклучил во Третата македонска ударна бригада. Во нејзиниот состав учествувал во повеќе борби против окупаторот и домашните предавници. Во борбите се истакнувал како мошне смел борец. На 4 април 1944 година, во победоносниот напад на Третата македонска ударна бригада за ослободување на Пробиштип, тој храбро загинал.[1]

Наводи