Биљаник

село во Општина Новаци

Биљаник или Билјаник — раселено село во Општина Новаци, чиј атар се издига до сртот на Селечка Планина. Се наоѓа источно од Битола, десно од патот кои води за битолскиот дел на Мариово.

Биљаник
Биљаник во рамките на Македонија
Биљаник
Местоположба на Биљаник во Македонија
Биљаник на карта

Карта

Координати 41°2′21″N 21°29′24″E / 41.03917° СГШ; 21.49000° ИГД / 41.03917; 21.49000
ОпштинаНоваци
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО02009
Надм. вис.594 м
Биљаник на општинската карта

Атарот на Биљаник во рамките на општината
Биљаник на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓало на западните падини на Селечка Планина, на околу пет километри од општинското средиште Новаци и на 15 километри источно од градот Битола. Поради ширењето на Рудникот Суводол, селото било плански раселено, односно жителите добиле куќи и имоти во населбата Горно Оризари.

Историја

Во XIX век, Биљаник било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е мал и зафаќа површина од 5,8 км2. На него доминира обработливото земјиште на површина од 535 ха, на пасиштата отпаѓаат 58,4 ха, додека шумско земјиште нема.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948227—    
1953276+21.6%
1961318+15.2%
1971261−17.9%
1981300+14.9%
ГодинаНас.±%
1991211−29.7%
1994107−49.3%
20020−100.0%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г Баљаник (Баляникъ) имал 160 жители, сите Македонци христијани.[3][4] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото Баљаник (Баляникъ) имало 152 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Билјаник се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Селото броело 318 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 107 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Билјаник немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население16015222727631826130021110700
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Биљаник било македонско православно село, родовите во селото се доселени, кое е целосно иселено. Едни се доселени до крајот на турското владеење, а други потоа.

Родови доселени до крајот на турското владеење се: Шалевци (3 куќи), Клечковци (2 куќи), Шиндевци (2 куќи), Ќиревци (1 куќа), Лазаровци (1 куќа), Нешковци (1 куќа), Шалеман (1 куќа) и Голевци (1 куќа) сите овие родови се доселелички со непозната старина.

Родови доселени после турското владеење се: Димовци (2 куќи) доселени се 1912 година од Гнеотино; Секуловци (1 куќа) доселени се 1935 година исто така од Гнеотино; Неделковци (2 куќи) доселени се 1941 година од Долна Чарлија; Трајковци (1 куќа) доселени се 1942 година од Орехово, подалечно потекло имаат од Рапеш, Мариово; Шумковци (2 куќи) доселени се од селото Вирово, Железник во 1946 година; Димитриовци (2 куќи), Марковци (2 куќи), Симоновци (2 куќи), Спасе (1 куќа), Најдовци (1 куќа) и Јоше (1 куќа) доселени се од селото Боиште, Железник во 1946 година; Николовци (2 куќи) доселени се од селото Куратица, охридско во 1946 година; Златановци (1 куќа) доселени се од селото Церово, Железник во 1946 година; Поповци (1 куќа) доселени се од селото Лесково, Железник во 1946 година; Крсте (1 куќа), Качакот (1 куќа) и Тренчо (1 куќа) доселени се од некое село во Железник; Дончо (1 куќа) доселени од Кичевско.[13]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 164 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на салата на селото Новаци.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[15]

Културно-историска оставнина

Цркви[16]
  • Црква „Св. Никола“[17] — главната селска и гробјанска црква;
Археолошки наоѓалишта[18]

Наводи

Надворешни врски