БинкБенк Тур

велосипедска трка во Белгија и Холандија

БинкБенк Тур (холандски: BinckBank Tour; до 2016 година позната како Енеко Тур) — годишна друмска велосипедска етапна трка, која се одржува во Белгија и Холандија. Нејзиното име го претставува главниот спонзор на настанот, енергетската компанија Eneco Energie. Трката била дел од календарите на UCI ProTour и Светскиот ранкинг на UCI, а моментално е дел од Светската турнеја.

БинкБенк Тур
Лого на трката
За трката
Датумавгуст
РегионБенелукс
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
Директор на тркатаРоб Дискарт
Историја
Прво одржување2005 (2005)
Одржувања18 (до 2023)
Прв победник Боби Џулик (САД)
Најмногу победи Тим Веленс (БЕЛ) (3 секој)
Неодамнешен победник Тим Веленс (БЕЛ)

Трката била основана во 2005 година под името Енеко Тур, именувана по првичниот спонзор. Со промената на спонзорот во 2017 година, името на трката било променето во БинкБенк Тур.

Историја

Возачите на изданието во 2006 година

Трката околу Холандија започнала на 6 мај 1948 година, но станала редовна годишна трка во 1975 година. Од 2000 година започнала да се вози под името БинкБенк Тур. Почетокот на новиот систем на натпреварување ProTour во 2005 довел до големи промени во самата трка.

Организација

БинкБенк Тур бил продолжение на несигурната Трка околу Холандија, кој претседателот на UCI Хајн Вербруген ја сметал за неопходна од маркетиншки причини.[1] Холандската трка добила подобар спонзор (ENECO Energie). Но, бидејќи трката не била доволно тешка, не можела да биде прифатена во новиот систем на натпреварување ProTour. Тогаш, организацијата на трката побарала помош од организаторите на Трката околу Белгија и Трката околу Луксембург. Тие планирале Трката околу Бенелукс да ги замени останатите три трки. Ова довело Трката околу Белгија да биде коорганизатор. Сепак, Трките околу Белгија и Луксембург, продолжиле да се одржуваат и понатаму. Коорганизацијата или спојувањето на Трката околу Луксембург не се случило, па поради тоа БинкБенк Тур повеќе не поминува низ територијата на Луксембург. Во иднина името треба да биде Трка околу Бенелукс.

Маички

Боите на маичките за водечките во пласманите се менувале низ годините.

ГодинаГенераленБодовенПланинскиМладинскиБорбен
2005[2] немало пласман
2006 немало пласман немало пласман
2007 немало маичканемало пласманнемало пласман
2008 немало маичканемало пласманнемало пласман
2009 немало пласманнемало пласманнемало пласман
2010 & 2011 немало пласман немало пласман
2012-2014 немало пласманнемало
2015-2016 немало пласманнемало пласман
2017 немало пласманнемало пласман
2018 немало пласманнемало пласман
2019 немало пласманнемало пласман

Победници

Генерален пласман

Победници од 2005 биле следниве:[3][4]

Бодовен пласман

Победници на бодовниот пламсман биле следниве:[4]

Планински пласмани

Само на три изданија на трката постоел планински пласман во 2005, 2007 и 2008. Победници биле:[4]

  • 2005 :  Кристијан Ванде Велде (САД)
  • 2007 :  Мартин Педерсен (ДАН)
  • 2008 :  Флорис Гусинен (ХОЛ)

Пласман за млад возач

Пласманот за млад возач е отворен за велосипедисти под 25 години. Победници на овој пласман биле:[4]

Борбен пласман

Победници на борбениот пласман биле:

Екипен пласман

Најмногу етапни победи

ВелосипедистБр. на етапи
1  Том Бонен (БЕЛ)7
 Андре Грајпел (ГЕР)7
3  Едвалд Боасон Хаген (НОР)5
4  Петер Саган (СВК)4
 Тим Веленс (БЕЛ)4
6  Тајлер Фарар (САД)3
 Здењек Штибар (ЧЕШ)3
 Сем Бенет (ИРС)3
9  Алесандро Балан (ИТА)2
 Силвен Шаванел (ФРА)2
 Филип Жилбер (БЕЛ)2
 Марсел Кител (ГЕР)2
 Роби Мекјуан (АВС)2
 Мануел Квинцијато (ИТА)2
 Свен Тафт (КАН)2
 Макс ван Хесвејк (ХОЛ)2

Наводи

Надворешни врски