Билка

Билка, трева или тревкарастение кое се користи и цени заради неговите специфични особини како медицински својства, вкус, арома и сл.[1]

Магдонос - широкораспространета кујнска билка

Употреба

Билките наоѓаат широка примена во кулинарството, медицината, па дури и во религијата. Во секојдневниот живот, луѓето разликуваат помеѓу кујнски и лековити билки. Во медицината и верата, сите делови на растението можат да се наречат „билни“, меѓу кои листовите, корењата, цветовите, семето, смолата, кореновата кора, внатрешната кора (камбијата), бобинките, а некаде и перикарпот и други делови. Во кулинарството пак, овие најчесто се нарекуваат „тревки“ или понекогаш „мирудии“, иако постои извесен преклоп на терминологија, особено во медицината.

Кујнски тревки

Во кулинарството постои разлика помеѓу „тревка“ (лиснати зелени делови од растението) и зачин, кој се добива од други делови на растението (како од семките, бобинките, кората, корењата, плодовите, а понекогаш и суви листови). Кујнските тревки се разликуваат од зеленчукот по тоа што, како и зачините, тие се додаваат во јадењата во мали количества, и служат за давање на вкус, а не се содржина на самото јадење.

Некои кујнски тревки се грмушки (како рузмаринот, Rosmarinus officinalis), или пак дрва (како ловорот, Laurus nobilis) – ова ги разликува од ботаничките билки, кои по дефиниција не можат да бидат дрвенести растенија.

Лековити билки

Растенијата содржат фитохемикалии кои имаат свое дејство врз телото. Некои билки делуваат и во мали количини, кога се користат при „зачинување“ на храната, додека пак други знаат да бидат токсични во поголеми количини. На пример, некои видови на билни екстракти, како екстрактите од кантарион (Hypericum perforatum) или кава (т.е. опоен пипер, Piper methysticum) се користат за олеснување на депресија и стрес. Меѓутоа во големи количества, овие билки се отровни, и треба да се користат внимателно.

Извесни тревки се користат рекреативно, но и за лекување. Пример за ова е канабисот.

Верски билки

Тревките се користат и во религијата – како на пример во христијанството (мирта (Commiphora myrrha), алетрис (Aletris farinosa) и темјан (Boswellia spp)). Во хиндуизмот еден вид на босилек наречен „туласи“ се почитува како божица заради неговата лековита вредност уште од ведски времиња. Многу верници го одгледуваат ова растение во дворот.

Ботанички билки

Во ботаниката, билка или билно растение се нарекува било кое недрвенесто растение, без разлика на неговата арома, вкус и други својства. Така, ботаничката билка не може да биде дрвенесто растение како дрво или грмушка.

Тревата како тема во уметноста и во популарната култура

Поврзано

Наводи