Бењат Инчаусти

шпански велосипедист

Бењат Инчаусти Елоријага (шпански: Beñat Intxausti Elorriaga; р. 20 март 1986 во Аморебита-Ечано, Бискаја) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Еускади-Муријас.[1]

Бењат Инчаусти
Инчаусти на Џиро д’Италија 2015
Лични податоци
Цело имеБењат Инчаусти Елоријага
Роден20 март 1986(1986-03-20)(38 г.)
Аморебита-Ечано,  Шпанија
Висина1,75 м
Маса61 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕускади-Муријас
Дисциплинадрумски велосипедист
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2007
2008–2009
2010
2011–2015
2016-2018
2019-
Николас Матеос
Соние Дувал-Скот
Еускалтел-Еускади
Мовистар Тим
Тим Скај
Еускади-Муријас
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2013, 2015)

Етапни трки

Трка околу Пекинг (2013)
Последна промена
15 септември 2019

Кариера

Во 2012 година победил на Вуелта а Астурија и завршил десетти во генералниот пласман на Вуелта а Еспања и покрај тоа што му помогал на неговиот екипен предводник Алехандро Валверде. ВО 2013, Инчаусти ја освоил етапата 16 на Џиро д’Италија откако бил дел од бегството и подоцна завршил осми во генералниот пласман. Исто така ја имал водечката маичка на еден ден. На Трката околу Пекинг, Инчаусти ја освоил единствената планинска етапа и го преземал генералниот пласман, а подоцна и победил на трката.[2]

По пет сезони во Мовистар[3], во септември 2015 година, екипата Тим Скај објавила дека Инчаусти ќе им се приклучи во 2016 година, на двегодишен договор.[4] Меѓутоа, по ветувачкиот почеток во 2016 година, кариерата на Инчаусти започнале да бледнее со болест и не можел да се трка поголем период. Во 2019 година, се преселил во пониската по ранг екипа, Еускади-Муријас.[5]

Достигнувања

2005
1. Етапа 3 Вуелта а Саламанка
2006
1. Меморијал Авелино Камачо
2. Краен пласман Бидасоа Ичулија
1. Етапа 3
2009
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2010
1. Етапа 3b (ITT) Вуелта а Астурија
2. Краен пласман Трка околу Баскија
3. Краен пласман Вуелта а Астурија
2011
4. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Краен пласман Тур де Романди
2012
1. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Бодовен пласман
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 (ТТТ)
2013
1. Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 4
4. Класика Примавера
8. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 16
8. Краен пласман Трка околу Баскија
2014
3. Краен пласман Трка околу Полска
6. Краен пласман Тур де Романди
10. Класика Примавера
2015
1. Етапа 8 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
4. Краен пласман Критериум ди Дофине
6. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
2016
3. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка20092010201120122013201420152016
Џиро38829
ТурСО116
Вуелта60СО861087

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски