Бес (филм од 2014)

Бес (англиски: Fury) — американски воено-авантуристички акционен филм во режија на Дејвид Ајер, објавен во 2014 г. Филмот ја раскажува приказната за настаните на Западниот фронт на крајот на Втората светска војна. Во филмот глумат дружина од американски глумци, предводени од Бред Пит, Логан Лерман и Шаја Лабаф.

„Бес“
Плакатот на македонски
РежисерДејвид Ајер
Продуцент
  • Бил Блок
  • Дејвид Ајер
  • Итан Смит
  • Џон Лешер
СценаристДејвид Ајер
Главни улоги
  • Бред Пит
  • Шаја Лабаф
  • Логан Лерман
  • Мајкл Пења
  • Џон Бернтал
  • Џејсон Ајзакс
  • Скот Иствуд
МузикаСтивен Прајс
КинематографијаРоман Васјанов
Монтажа
  • Доди Дорн
  • Џеј Кесиди
ДистрибутерSony Pictures Releasing
Премиера15 октомври 2014 г. (Newseum)
17 октомври 2014 г. (САД)
Времетраење135 минути[1]
Земја САД[2]
Јазик
Буџет68 — 80 милиони долари[3][4]
Бруто заработка211,8 милиони долари[3]

Содржина

Во април 1945 г., сојузниците ги водат последните битки на европската земја. Наредникот Колиер (Бред Пит) вози тенк Шерман со петчлената дружина од неискусни војници и се обидува да ги пробие непријателските линии во срцето на Нацистичка Германија. Оваа необична група луѓе ќе направи сѐ за да ја постигне целта и да ја заврши задачата.

Наводи

Надворешни врски