Белвица

вид на риба
Белвица
Научна класификација
Царство:Animalia
Колено:Chordata
Класа:Actinopterygii
Ред:Salmoniformes
Семејство:Salmonidae
Род:Salmo
Вид:S. ohridanus
Научен назив
Salmo ohridanus
Франц Штајндахнер, 1892
Синоними

Acantholingua ohridana
Salmothymus ohridanus

Белвица (латински: Salmo ohridanus) – вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки; ендемски вид локализиран во Охридското Езеро[2].[1][3][4]

Класификација

Во постарата литература белвицата е определена дека им припаѓа на родовите Acantholingua и Salmothymus[4][5]. Генетските проучувања, сепак, покажуваат дека таа е член на родот Salmo и е најблиска до Salmo obtusirostris [6]. Сепак таа е доста различна од балканската пастрмка[4].

Распространетост

Распространета е во Македонија и Албанија[1][3][4] во Охридското Езеро, каде заедно со летницата е еден од двата претставници на семејството Salmonidae и родот Salmo.

Се среќава на длабочина од 40 до 60 м.[7] Рибата е предмет на масовен риболов и се одгледува во фарми за риба од средината на дваесеттиот век.[1]

Фактори кои ја загрозуваат популацијата на овој вид се хибридизацијата и загадувањето на водите.[1]

Опис

Белвицата е релативно мала риба, вообичаено помала од 30 см и полесна од 0,5 кг[3]. Може да достигне должина од 33,6 см и тежина од 685 грама[7].Охридската белвица е ендемски вид пастрмка со сребрена боја на телото и ретки бледи црни и црвени пеги, со поголемо око во однос на главата споредено со другите видови пастрмки како резултат на живот во подлабоките води на сублиторалот и профундалот на езерото. Има спор раст и потребно и е 12 години да достигне тежина од 1 кг. во природни услови. Се храни со зоопланктон и фауна на дно.

Полова зрелост достигнува во втората година, а мрести на два вида подлога и тоа во литоралниот регион на езерото во појасот на харата и во сублиторалниот регион на песочна подлога во појасот на живи и изумрени школки. Исто така се мрести и во близина на подводни извори на длабочини поголеми од 70 м. Најголемиот дел од популацијата се мрести во периодот од втората половина на ноември до крајот надекември, вториот пик на мрестење е во пролетниот период (март-април) и третиот во летниот период (јуни-август). [8]

Животниот век ѝ е околу 12 години[7].

Значење

Охридската белвица има извонредно значење како објект како за рекреативен така и за стопански риболов. Поради квалитетот на нејзиното месо, а особено по намалувањето на популацијата на охридската пастрмка се зголеми притисокот врз неа, што води кон потреба од поголема заштита на видот.

Наводи