Бартон Рихтер

Бартон Рихтер (англиски: Burton Richter 22 март 1931) — американски физичар кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1976. Бил на чело на (SLAC) тимот кој придонел за откривањето на J/ψ мезон во 1974, заедно со (BNL) тимот воден од Семјуел Тинг. Ова откритие било дел од т.н. Ноемвриска револуција на физички честички. Бил директор на SLAC од 1984 до 1999.

Бартон Рихтер
Роден(а)22 март 1931(1931-03-22)(93 г.)
Бруклин, Њујорк
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиСтенфордски универзитет
Лабораторија SLAC
ОбразованиеМасачусетски институт за технологија
Докторски менторБернар Т. Фелд[1][2]
Познат поJ/ψ мезон
Поважни наградиЛоренцова награда (1975)
Нобелова награда за физика (1976)
Енрико Фермиева награда (2010)
СопружникЛауроуз Бекер
(в. 1960; 2 деца)

Живот

Роден во Њујорк, Рихтер се родил во еврејско[3] семејство во Бруклин. Неговите родители биле Фани и Авраам Рихтер, работник со текстил.[4] Дипломирал во средното училиште "Far Rockaway", во кое се образувале и други нобеловци како што се Барух Самуел Блумберг и Ричард Фајнман.[5] Ја посетувал Мерцерсбуршката академија во Пенсилванија, потоа продолжил да студира во Масачусетскиот институт за технологија, каде што дипломирал во 1952 и докторирал во 1956. Бил директор на SLAC) од 1984 до 1999.

Како професор во Стенфордскиот универзитет, Рихтер изградил честичен забрзувач наречен "SPEAR" со помош на Дејвид Ритсон и поддршка од Американската комисија за атомска енергија. Со тоа тој водел тим кој открил нова субатомска честичка која ја нарекол ψ(пси). Ова откритие било исто така направено од тил предводен од Семјуел Тинг во националната лабораторија "Brookhaven", но тој ја честичката ја нарекол J. Честичката станала позната како J/ψ мезон. Рихет и Тинг биле наградени во 1976 со Нобелова награда за физика за нивната работа.

Рихтер бил член на "JASON" советничката група и работел во одборот на директори на научници и инженери во Америка, организација која се занимава со промовирање на звучна наука во Американската влада.[6]

Во мај 2007, бил во Иран и Техничкиот универзитет "Sharif".[7]

Во 2012, претседателот Барак Обама објавил дека Бартон Рихтер бил кодобитник на Енрико Фермиевата награда, заедно со Милдред.[6]

Во 2013, Рихтер коментирал за писмото од Том Вигли, Кери Емануел, Кен Калдеира и Џејмс Хансен дека Ангела Меркел „згешила со тоа што го исклучила јадреното“.[8]

Во 2014, Рихтел бил помеѓу жителите на центарот за продолжена пензиска грижа потполнувајќи законик наведувајќи влезници за да се испратат надвор од државата.[9][10][11]

Наводи

Надворешни врски