Бакнеж

Бакнеж[1][2], бацувка[3][4], целивка[5][6], целувка[7][8] — допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.

Мајка бакнува дете

Бакнежот обично се смета основен сексуален чин, при кој партнерите се допираат со усните. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите. Денес, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност.

Бакнежот како мотив во уметноста и во популарната култура

Бакнежот како мотив во книжевноста

Бакнежот како мотив во популарната музика

  • Кис (англиски: Kiss = бакнеж) — американска рок-група, основана во 1973 година.[10]
  • „Бакни ме црно“ (англиски: Kiss Me Black) — песна на австралиската рок-група Брдеј парти (The Birthday Party) од 1982 година.[11]
  • „Смртоносен бакнеж“ (англиски: Deadly Kiss) — песна на американската рок-група Kyuss од 1991 година.[12]
  • „Нахрани ме со твојот бакнеж“ (англиски: Feed Me With Your Kiss) - песна на британската рок-група Мај блади валентајн (My Bloody Valentine) од 1988 година.[13]
  • „Во Франција се бакнуваат на главната улица“ (англиски: In France They Kiss On Main Street) — песна на канадската поп-музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1975 година.[14]
  • „Совршениот бакнеж“ (англиски: The Perfect Kiss) — песна на британската поп-рок група Њу ордер (New Order) од 1985 година.[15]
  • „Бакнеж“ (англиски: Kiss) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[16]
  • „Цицај ми го бакнежот“ (англиски: Suck my kiss) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс од 1991 година.[17]
  • „Бакни ме во автобусот“ (англиски: Kiss Me On The Bus) — песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1985 година.[18]
  • „Бакнежи на ветрот“ (англиски: Kisses On The Wind) — песна на американската поп-пејачка Нене Чери (Neneh Cherry) од 1989 година.[19]

Бакнежот како мотив во филмот

Наводи

Надворешни врски