Бад Либенверда

град во Германија

Бад Либенверда (германски: Bad Liebenwerda) — бањски град во округот Елба-Елстер, во југозападен Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Шварце Елстер, 57 километри северозападно од Дрезден и 28 километри источно од Торгау.

Бад Либенверда
Кулата Лубварт во Бад Либенверда
Кулата Лубварт во Бад Либенверда
Кулата Лубварт во Бад Либенверда
Грб на Бад Либенверда
Бад Либенверда во рамките на Германија
Бад Либенверда
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаБранденбург
ОкругЕлба-Елстер
ГрадоначалникТомас Рихтер (ДХС)
Основни податоци
Површина138,41 км2
Надм. височина86 м
Население9.224 (31 декември 2020)[1]
 - Густина67 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.EE
Пошт. бр.04924
Повик. бр.035341
Порталwww.badliebenwerda.de
Местоположба на градот Бад Либенверда во рамките на округот Елба-Елстер
Карта
Карта
Координати51°31′0″N 13°24′0″E / 51.51667° СГШ; 13.40000° ИГД / 51.51667; 13.40000

Историја

Првото пишано спомнување на градот е од 1231 како Лиевенверде („Lievenwerde“). Значењето на името е Live или Lieb за живот или сакано и werde од werda што значи остров, високо место во вода. Документот од 1231 го спомнува Ото од Илебург, фогт на Ливенверде и свештеникот Плебан Валтер. Либенверда има замок со шанец, кој е познат како Кула Лубварт. Првото спомнување на Либенверда како град е од 1304. Либенверда бил дел од Изборното кнежевство Саксонија и Кралството Саксонија до 1815; по Виенскиот конгрес областа станала округ во Кралството Прусија. Градот поседува бањи од 1905, а од 1925 го додал зборот „Бад“ (Bad) кон неговото име.

Култура и архитектура

Во Бад Либенверда се наоѓа готската црква Св. Никола. Камбанаријата на црквата била повторно изградена кон крајот на 19 век по удар на гром на кулата, кој предизвикал пожар. Кулата Лубварт е најстарата градба во градот. Кулата била изградена околу 1207 како дел од замокот со шанец. Веднаш до кулата е музејот за изложби за композиторот Карл Хајнрих Граун и неговите браќа.

Наводи