Бадахос (покраина)

покраина во Шпанија

Бадахос (шпански: Provincia de Badajoz) — покаина во автономната заедница Екстремадура, западна Шпанија. Се граничи со покраините Касерес на север, Толедо, Сиудад Реал на исток, Кордоба на југоисток, Севиља и Уелва на југ, и Португалија на запад.

Бадахос
Provincia de Badajoz
Покраина
Бадахос во рамките на Шпанија
Бадахос во рамките на Шпанија
ЗемјаШпанија
Автономна заедницаЕкстремадура
Главен градБадахос
Површина
 • Вкупна21,766 км2 (8,404 ми2)
Службен јазикшпански
Окрузи во покраината Бадахос

Со површина од 21.766 км2, ова е најголемата покраина во Шпанија.[1] и е поретко населена од другите покраини.[2] Според пописот од 2010 г., населението брои 692.137 жители. Главен град е Бадахос.[2]

Историја

Подрачјето на покраината уживало просперитет за време на Римското Царство кога Мерида била меѓу главните центри во Хиспанија. Со завршувањето на визиготскиот период и навлегувањето на Маврите, династијата Ибн ел-Афатас во Бадахос воспоставила значаен културен и научен центар. Многу од морепловците кои го освојувале Новиот Свет биле од оваа покраина.[2]

Географија и клима

Иако има повеќе делови на Бадахос со пониски ридски венци, површината е претежно пуста, со еднолични рамни или благо накосени предели. Најважна река е Гвадијана, која го пресекува северот на покраината во превец исток-запад и има голем број притоки; сепак, реката е полноводна само во некои делови од годината, па затоа често може да се преминува без пловило. Климата е континентална, со мошне топли лета и студени зими и силни западни и северозападни ветришта на рамнините. Растителноста е типично средоземна.[1]

Административна поделба

Покраината е поделена на 134 општини. Покрај градот Бадахос, поважни населени места се Алмендралехо, Асуага, Дон Бенито, Херес де лос Кабаљерос, Мерида, Сафра, Монтихо и Виљануева де ла Серена. Има и традиционални окрузи (комарки) кои немаат административна улога: Ла Сиберија и Љанос де Оливенса. Главниот град Бадахос е Најважен стопански и трговски центар во покраината.[2]

Посетителски знаменитости

Најважни стопански гранки во Бадахос се туризмот и земјоделството.[2] Најпосетувани места се градот Бадахос со тврдината, Фрехенал де ла Сиера, Херес де лос Кабаљерос, Љерена, Мерида, Оливенса, Аланхе, Албуркерке и Алмендралехо. Месната кујна е позната по јадења како див зајак, еребица и разни свински производи.

Значајни знаменитости во Мерида се римскиот театар, Националниот музеј на римска уметност и тврдината (алкасаба). Во Бадахос, од значење се градската тврдина и споменикот на Ибн Мерван[1].

Поврзано

Наводи

  •  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Покраина Бадахос“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.

Надворешни врски

38°40′N 6°10′W / 38.667° СГШ; 6.167° ЗГД / 38.667; -6.167