Аљинце

село во Општина Старо Нагоричане

Аљинце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Аљинце
Аљинце во рамките на Македонија
Аљинце
Местоположба на Аљинце во Македонија
Аљинце на карта

Карта

Координати 42°12′33″N 21°59′57″E / 42.20917° СГШ; 21.99917° ИГД / 42.20917; 21.99917
Регион Североисточен
Општина Старо Нагоричане
ОбластСредорек
Население22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1302
Повик. бр.031
Шифра на КО17004
Надм. вис.926 м
Аљинце на општинската карта

Атарот на Аљинце во рамките на општината
Аљинце на Ризницата

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа на територијата на Општината Старо Нагоричане. Аљинце е населба од разбиен тип, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 480 до 720 метри. Од главниот пат Куманово-Крива Паланка населбата е оддалечена 8,8 км, а од централното место Куманово 31 км.

Историја

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 10,5 км2. Најголема површина заземаат на 646,1 ха, потоа следи обработливото земјиште на површина од 304,9 ха, додека на шумите отпаѓаат само 26,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948372—    
1953395+6.2%
1961374−5.3%
1971314−16.0%
1981154−51.0%
ГодинаНас.±%
199192−40.3%
199479−14.1%
200238−51.9%
202122−42.1%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[3]

Аљинце е зафатено со одредена иселување на населението, такашто бројот на населението се намалил од 374 жители во 1961 година, на 79 жители во 1994 година.

Според пописот од 2002 година, во селото Аљинце имало 38 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 19 Македонци и 3 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население38534437239537431415492793822
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Алинце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Староселци (12 к.) Потекнуваат од овчар кој преживеал по пустошењето на старото село. Џамбасци (9 к.) гранка се од претходниот род.
  • Доселеници: Грујинци (10 к.), Градиштанци (6 к.), Трлци (6 к.) и Јабучанци (13 к.) доселени се, но не знаат од каде се. Во првиот род се знае следното родословие: Стојче (жив на 67 г. во 1971 година) Милан-Анѓел-Смилко.[10]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво

Џамбасци се иселени во Брешко. Костадинови, Мацанци, Доданци, Прчовчани, Јованови и Павлеви се иселени во пониското село Канарево. Алинчани се иселени во Макреш. Антинци се иселени во Облавце. Шопови се иселени во Вак'в. Иселеници од Алинце има и на следните места. Глогоњ кај Панчево, Куманово, Скопје, Бор и Белград.[10]

Наводи

Надворешни врски