Африкански куп на нации 2017

Африкански куп на нации 2017 (познат и како Тотал Африкански куп на нации - Габон 2017, АФКОН 2017, односно КАН 2017) е 31-вото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а ќе се одржи во Габон од 14 јануари до 5 февруари 2017 година.

Африкански куп на нации 2017
Податоци
ДомаќинГабон Габон
Траење14 јануари - 5 февруари
Tимови16 (од една конфедерација)
Стадион(и)(во 4 градови)
Шампиони Камерун (5. титула)
2. место Египет
3. место Буркина Фасо
4. место Гана
Статистика
Вкупно натпревари32
Вкупно голови66  (2.06 по натпревар)
Публика
Најдобар стрелец(и)ДР Конго Жуниор Кабананга (3 гола)
Најдобар играчКамерун Кристијан Басогог
2019 →     ← 2015

Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017.

Првобитно било одлучено натпреварувањето во 2017 да се одржи во Либија,[1] меѓутоа, поради воената состојба во таа земја,во август 2014 КАФ одредил дека Африканскиот куп на нации 2017 ќе се одржи во Габон, по вторпат во историјата на натпреварувањето.[2][3] Победникот на Африканскиот куп на нации 2017 добива право на настап на Купот на конфедерации 2017 во Русија.

Камерун ја освоиле нивната петта титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи го Египет во финалето со 2–1. Буркина Фасо го освоиле третото место победувајќи ја Гана со 1-0.

Домаќинство

Прв избор

Боцвана,[4] Камерун,[5] Демократска Република Конго,[6] Гвинеја,[7] Мароко,[8] Јужноафриканска Република,[9] Замбија,[10] и Зимбабве[11] првобитно изразиле интерес за организацијата на Африканскиот куп на нации 2017.

КАФ добил три понуди до 30 септември 2010 година за домаќинство на Африканскиот куп на нации 2015 и Африкански куп на нации 2017 од Демократска Република Конго, Мароко и Јужноафриканската Република.[12]

После примените понуди за организирање на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017 КАФ започнал постапка за испекциски надзор со цел да ја посети секоја земја кандидат во поглед на стадионите, инфеаструктурата и заинтересираноста за организација на Африканскиот куп на нации 2015 и 2017. После инспекцијата во ДР Конго од 12-15 ноември 2010 година, ДР Конго го известиле КАФ дека ја повлекуваат својата кандидатура за Африканскиот куп на нации во 2015 и 2017.[13][14]

На почетокот на ноември 2010 инспекцијата го посетила Мароко, а веќе следниот месец и Јужноафриканската Република.[15]

ДржаваДосегашни домаќинства
Мароко1988
Јужноафриканска Република1996[16]

На 29 јануари 2011 КАФ донел одлука домаќин на Африканскиот куп на нации во 2015 да биде Мароко, а во 2017 Јужноафриканската Република. Меѓутоа, поради војната во Либија во 2013, Јужноафрканската Република и Либија го замениле домаќинството на Африканскиот куп на нации, така што Јужноафриканската Република била домаќин на натпреварувањето во 2013 а Либија требало да биде на ова во 2017.[1]

Втор избор

По откажувањето на Либија од домаќинството на Африканскиот куп на нации на 22 август 2014, Африканската фудбалска конфедерација објавила дека прима нови пријави за организатор на Африканскиот куп на нации 2017 до 30 септември 2014.[17] Подоцна тој рок е преместен до 8 април 2015.[18]

Седум земји доставиле понуда за домаќинство на турнирот: Алжир, Египет, Габон, Гана, Кенија, Судан и Зимбабве.[19][20] Меѓутоа од нив, само четири држави: Алжир, Египет, Габон, и Гана, ги исполнувале критериумите на Африканската фудбалска конфедерација.[21][22] Подоцна Египет ја повлекол својата кандидатура.[23]

Некој држави како Кенија покажале интерес за домаќинството на турнирот со соседите Руанда и Уганда, меѓутоа не доставиле официјална кандидатура за домаќинството.[24]

ДржаваДосегашни домаќинства
Алжир[25]1990
Габон[26]2012
Гана[27]1963, 1978, 2000, 2008

Претседателот на КАФ Иса Хајату на 8 април 2015 објавил дека домаќин на Африканскиот куп на нации 2017 ќе биде Габон.[3] Габон веќе еднаш бил организатор на првенството во 2012 заедно со Екваторска Гвинеја.

Квалификации

  Репрезентации кој се кваилификувале на АКН 2015.
  Репрезентации кои не се квалификувале на АКН 2015.
  Дисквалификувани, се повлекле или воопшто не учествувале во квалификациите
  Не е член на КАФ

Вкупно 51 репрезентација учествувала во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017. Домаќинот Габон не настапил во квалификациите. Ждрепката со квалификациските групи била иузвлечена на 8 април 2015 во Каиро, Египет.[18] Во квалификациите не учествувале репрезентациите на Еритреја и Сомалија.

Поради откажувањето на Мароко од домаќинството на Африканскиот куп на нации 2015, првобитно КАФ и забранил на оваа репрезентација да учествува на Африкански куп на нации 2017 и 2019.[28] Меѓутоа, "Судот за спортска арбитража" (Court of Arbitration for Sport) ја укинал забраната, со што на Мароко му било дозволено да учествува во квалификациите.[29]

Интересно е тоа што трикратниот шампион на Африканскиот куп на нациите, Нигерија не се квалификувала.[30]

Квалификувани репрезентации

РепрезентацијаСе квалификувале како:Датум на квалификувањеБр. на учества на АКНПоследно
учество
на АКН
Најдобар резултат на АКНФИФА ранг листа
(на почетокот на првенството)
 
 ГабонДомаќин8 април 201572015Четвртфинале (1996, 2012)110
 МарокоПобедник на групата Ф29 март 2016162013Шампион (1976)57
 АлжирПобедник на групата Ј2 јуни 2016172015Шампион (1990)38
 КамерунПобедник на групата М3 јуни 2016182015Шампион (1984, 1988, 2000, 2002)65
 СенегалПобедник на групата К4 јуни 2016142015Вицешампион (2002)33
 ЕгипетПобедник на групата Г4 јуни 2016232010Шампион (1957, 1959, 1986, 1998, 2006, 2008, 2010)36
 ГанаПобедник на групата Х5 јуни 2016212015Шампион (1963, 1965, 1978, 1982)53
 Гвинеја-БисаоПобедник на групата Е5 јуни 20161-Дебитант68
 ЗимбабвеПобедник на групата Л5 јуни 201632006Групна фаза (2004, 2006)102
 МалиПобедник на групата Ц5 јуни 2016102015Вицешампион (1972)60
 Брегот на Слоновата КоскаПобедник на групата И3 септември 2016222015Шампион (1992, 2015)34
 УгандаВторопласирани во групата Д4 септември 201661978Вицешампион (1978)72
 Буркина ФасоПобедник на групата Д4 септември 2016112015Вицешампион (2013)50
 ТунисПобедник на групата А4 септември 2016182015Вицешампион (2004)35
 ДР КонгоПобедник на групата Б4 септември 2016182015.Шампион (1968, 1974)48
 ТогоВторопласирани во групата А4 септември 201682013Четвртфинале (2013)91
2 Закосен текст означува домаќин на тој турнир.

Местоположба на стадионите

Првенството ќе биде одиграно во четири града во Габон: Либрвил, Франсвил, Ојем и Порт Жантил. Градовите официјално се потврдени во октомври 2016.[31]

ЛибрвилФрансвилОјемПорт Жантил
Стад д' АнгонџеСтад де ФрансевилСтад д'ОјемСтад де Порт Жантил
Капацитет: 40.000Капацитет: 22.000Капацитет: 20.000Капацитет: 20.000
Податотека:Нема слика.jpgПодатотека:Нема слика.jpg
0°31′20″N 9°23′36″E / 0.522204° СГШ; 9.393277° ИГД / 0.522204; 9.3932771°38′19″S 13°34′28″E / 1.638611° ЈГШ; 13.574444° ИГД / -1.638611; 13.5744441°36′02″N 11°33′59″E / 1.600551° СГШ; 11.566408° ИГД / 1.600551; 11.5664080°43′33″S 8°47′01″E / 0.725729° ЈГШ; 8.783475° ИГД / -0.725729; 8.783475

Судии

  • Џошуа Бондо
  • Неан Алиум
  • Денис Дембеле
  • Тесема Бамлак
  • Ерик Отого-Кастан
  • Хамада Нампиандраза

  • Мамаду Кеита
  • Али Лемгаифри
  • Редуан Џијед
  • Маланг Дједиу
  • Бернар Камил

Формат на натпреварување

Домаќинот на пвенството автоматски остварил пласман во групите, останатите 15 репрезентации морале да минат низ квалификации. На завршниот турнир репрезентациите се поделени во четири групи по четири тима. Тимовите во групата играат по еден натпревар меѓусебно. Двете првопласирани репрезентации од секоја група остваруваат пласман во четвртфиналето. Победниците во четвртфиналето играат полуфинале. Поразените полуфиналисти играат натпревар за трето место, додека победниците играат за титулата.[32]

Извлекување на групите

Извлекувањето на групите било одржано на 19 октомври 2016 година, во 18:30 UTC+1 часот, во Либрвил, Габон.[33][34]

Организациониот одбор на Афрчкиот куп мас состанокот одржан на 26 септември 2016 во Каиро ги одредил носителите земајќи го предвид учинокот на репрезентациите на Африканскиот куп на нации 2017 според резултатите од претходните натпреварувања:[35][36][37]

  • Африкански куп на нации: 2012, 2013, 2015,
  • Квалификации за Африканскиот куп на нации: 2013, 2015, 2017,
  • Светско првенство: 2014,
  • Квалификации за Светско првенство: 2014
Шешир 1Шешир 2Шешир 3Шешир 4

 Габон (22 б.; домаќин, доделена поз. A1)
Брегот на С. Коска (63.5 б.; актуелен првак, доделена поз. Ц1)
 Гана (56.5 б.)
 Алжир (43.5 б.)

 Тунис (34.5 б.)
 Мали (33.5 б.)
 Буркина Фасо (33.5 б.)
 ДР Конго (29.5 б.)

 Камерун (29 б.)
 Сенегал (24 б.)
 Мароко (18.5 б.)
 Египет (15.5 б.)

 Того (15.5 б.)
 Уганда (12 б.)
 Зимбабве (10 б.)
 Гвинеја-Бисао (8.5 б.)

Групна фаза

  Поминува во четврт-финале

Група А

Африкански куп на нации 2017 - група A
Поз.TimОНПНИДГПГГРБод
1.  Буркина Фасо312042+25
2.  Камерун312032+15
3.  Габон (Д)30302203
4.  Гвинеја-Бисао301225-31

Извор: CAFonline.com

v  Гвинеја-Бисао

v  Камерун

v  Буркина Фасо

v  Гвинеја-Бисао

v  Габон

v  Буркина Фасо

Група Б

Афикански куп на нации 2017 - група Б
Поз.TimОНПНИДГПГГРБод
1.  Сенегал321062+47
2.  Тунис320165+16
3.  Алжир302156-12
4.  Зимбабве301248-41

Извор: CAFonline.com

v  Зимбабве

v  Сенегал

v  Тунис

v  Зимбабве

v  Алжир

v  Тунис

Група Ц

Африкански куп на нации 2017 - Група Ц
Поз.TimОНПНИДГПГГРБод
1.  ДР Конго321063+37
2.  Мароко320142+26
3.  Брегот на Слоновата Коска302123-12
4.  Того301226-41

Извор: CAFonline.com

v  Того

v  Мароко

v  ДР Конго

v  Того

v  Брегот на Слоновата Коска

v  ДР Конго

Група Д

Африкански куп на нации 2017 - група Д
Поз.TimОНПНИДГПГГРБод
1.  Египет321020+27
2.  Гана320121+16
3.  Мали302112-12
4.  Уганда301213-21

Извор: CAFonline.com

v  Уганда

v  Египет

v  Мали

v  Уганда

v  Гана

v  Мали

Нокаут фаза

Ждрепка

ЧетвртфиналеПолуфиналеФинале
          
28 јануари 2017 - Либрвил    
   Буркина Фасо 2
1 февруари 2017 - Либрвил
   Тунис 0 
   Буркина Фасо 1 (3)
29 јануари 2017 - Порт Жантил
    Египет (пен.) 1 (4) 
   Египет 
5 февруари 2017 - Либрвил
   Мароко  
   Египет 1
28 јануари 2017 - Франсвил
    Камерун 2
   Сенегал 0 (4)
2 февруари 2017 - Франсвил
   Камерун (пен.) 0 (5) 
   Камерун 2Трето место
29 јануари 2017 - Ојем
    Гана 0 
   ДР Конго 1   Буркина Фасо 1
   Гана 2    Гана 0
4 февруари 2017 - Порт Жантил

Четвртфинале

28 јануари 2017
17:00
Буркина Фасо  2–0  ТунисСтад д' Ангонџе, Либрвил
Судија: Даниел Фрејзер Бенет
Бансе  81'
Накулма  85'
Извештај

28 јануари 2017
20:00
Сенегал  0–0
(4–5 пен.)
 КамерунСтад де Франсевил, Франсевил
Судија: Џани Сиказве
Извештај
 Пенали 
Кулибали
Мбоџи
Со
Саиве
Мане
4–5 Муканџо
Ојонго
Теику
Зуа
Абубакар

29 февруари 2017
17:00
ДР Конго  1–2  ГанаСтад д'Ојем, Ојем
Судија: Бернар Камил
М'Поку  68'ИзвештајЏ. Ају  63'
А. Ају  78' (пен..)

29 февруари 2017
20:00
 Египет1-0  МарокоСтад де Порт Жантил, Порт Жантил
Судија: Ерик Отого-Кастан
Кахраба  88'Извештај

Полуфинале

1 февруари 2017
20:00
Буркина Фасо  1-1
(3-4 пен.)
 ЕгипетСтад д' Ангонџе, Либрвил
Судија: Маланг Дједиу
Бансе  73'Салах  66'
 Пенали 
Ал. Траоре
Диавара
Јаго
Кофи
Траоре
3-4 Саид
Соби
Хегази
Салах
Варда

2 февруари 2015
20:30
Камерун  2-0  ГанаСтад де Франсевил, Франсвил
Судија: Бакари Гасама
Нгадо-Нгаџуи  72'
Басогог  90+3'

Натпревар за 3. место

4 февруари 2017
20:00
Буркина Фасо  1-0  ГанаСтад де Порт Жантил, Порт Жантил
Судија: Мехди Абид Шареф
Траоре  89'

Финале

5 февруари 2017
20:00
Египет  1-2  КамерунСтад д' Ангонџе, Либрвил
Судија: Џани Сиказве
Елнени  22'Нкулу  59'
Абубакар  88'

Победник

Победник на Африканскиот куп на нации 2017

Камерун
5. титула

Конечен пласман на првенството

#Репрезентација
1  Камерун
2  Египет
3  Буркина Фасо
4  Гана
5  Сенегал
6  ДР Конго
7  Мароко
8  Тунис
9  Габон
10  Алжир
11  Брегот на Слоновата Коска
12  Мали
13  Уганда
14  Гвинеја-Бисао
15  Зимбабве
16  Того

Наводи

Надворешни врски