Атлетика на Летните олимписки игри 2012 – 10.000 метри за мажи

Атлетика на
Летните олимписки игри 2012

Дисциплини на патека
100 м мажи жени
200 ммажижени
400 ммажижени
800 ммажижени
1.500 ммажижени
5.000 ммажижени
10.000 ммажижени
100 м со пречкижени
110 м со пречкимажи
400 м со пречкимажижени
3.000 м со препрекимажижени
4 х 100 м штафетамажижени
4 х 400 м штафетамажижени
Дисциплини на отворено
маратонмажижени
20 км одењемажижени
50 км одењемажи
Дисциплини на поле
Скок во далечинамажижени
Трискокмажижени
Скок во височинамажижени
Скок со стапмажижени
Фрлање ѓулемажижени
Фрлање дискмажижени
Фрлање копјемажижени
Фрлање кладивомажижени
Комбинирани дисциплини
Седмобојжени
Десетобојмажи

Дисциплината 10.000 метри за мажи на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија се одржала на Олимпискиот стадион на 4 август.[1]

По една година во јавноста, светскиот првак на 5.000 метри и домашниот херој Мо Фарах пристигнал на оваа трка за негово крунисување. Гордите етиопски, кениски и еритрејски екипи имале цел да го нарушат неговиот план. Од почетокот, Фарах заостанувал неколку чекори зад водечките. По првиот круг на браќата Бекеле, бранителот на титулата од Пекинг Кениниса Бекеле бил зад неговиот помлад брат Тарику. По шест круга на трката, носителот на светскиот рекорд во полумаратон Зерсенај Тадезе ги донел неговите еритрејски сонародници на чело на групата да дадат сопствено темпо. Истовремено, Мосес Кипсиро доживеал пад, кој за малку го избегнале Фарах и неговиот американски тренинг-партнер Гален Руп. Кога Тарику дошол зад Тадезе, неговиот обид да го држи сопствено темпо намалил. На половина од трката се постигнал резултат од 14:05,79, сè уште со Тадезе во водство, иако Бедан Кароки Михури наскоро го преземал водството. Во водечката група се наоѓале 3 Етиопијци, 3 Еритрејци, 2 Кенијци, Кипсиро, Арикан, Фарах и Руп. Тактичката игра продолжува и понатаму, кога Тарику го блокирал Фарах, предизвикувајќи да дојде од надворешната страна, додека третиот Етиопјанец Гебрегзијабер Гебремаријам, повеќе познат како маратонец бил во водство, но наместо да наметне темпо, тој го намалил. На два круга пред крајот, Тарику изгледал посиле од браќата во водство, Фарах бил веднаш зад него, додека Масаи, Руп и Михури биле во групата. На последниот круг, Фарах го направил неговиот потег и заминал во водство, додека браќата и Михури неуспешно се обидувале да го следат. Во последната кривина, Руп се одвоил и го поминал Тарику за среброто.

Формат на трката

Дисциплината 10.000 метри за мажи се состоела само од една трка,[2] самото финале, на кои биле дел сите квалификувани натпреварувачи.

Рекорди

Пред трката, постоечки светски и олимписки рекорд биле следниве:

Светски рекорд Кенениса Бекеле (ЕТИ)26:17,53Брисел, Белгија26 август 2005
Олимписки рекорд  Кенениса Бекел (ЕТИ)27:01,17Пекинг, Кина17 август 2008

Распоред

Сите времиња се според UTC+1

ДатумВремеКоло
Сабота, 4 август 201221:15Финале

Резултат

МестоИмеНационалностРезултатЗабелешки
 ЗлатенМо Фарах  Велика Британија (GBR)27:30,42
 СребренГален Руп  САД (USA)27:30,90
 БронзенТарику Бекеле  Етиопија (ETH)27:31,43
4Кенениса Бекеле  Етиопија (ETH)27:32,44
5Бедан Кароки Михири  Кенија (KEN)27:32,94
6Зерсенај Тадезе  Еритреја (ERI)27:33,51
7Теклемаријам Медин  Еритреја (ERI)27:34,76
8Гебрегзијабер Гебремаријам  Етиопија (ETH)27:36,34
9Полат Кембој Арикан  Турција (TUR)27:38,81PB
10Мосес Ндиема Кипсиро  Уганда (UGA)27:39,22
11Камерон Левинс  Канада (CAN)27:40,68
12Мосес Ндиема Масаи  Кенија (KEN)27:41,34
13Датан Риценхајн  САД (USA)27:45,89
14Роберт Кајуга  Руанда (RWA)27:56,67PB
15Нгузе Тесфалдет  Еритреја (ERI)27:56,78
16Томас Ајеко  Уганда (UGA)27:58,96
17Мукелд Ал-Утаиби  Саудиска Арабија (KSA)28:07,25
18Мохамед Ахмед  Канада (CAN)28:13,91
19Метју Тегенкамп  САД (USA)28:18,26
20Бен Сен Лоренс  Австралија (AUS)28:32,67
21Диего Естрада  Мексико (MEX)28:36,19
22Јуки Сато  Јапонија (JPN)28:44,06
23Ајад Ламдасем  Шпанија (ESP)28:49,85
24Даниеле Меуки  Италија (ITA)28:57,46
25Крис Томпсон  Велика Британија (GBR)29:06,14
26Микола Лабовски  Украина (UKR)29:32,12
Али Хасан Махбоб  Бахреин (BRN)DNF
Бајрон Пједра  Еквадор (ECU)DNF
Вилсон Кипроп  Кенија (KEN)DNF

Наводи