Асторија (Орегон)

Асторија (англиски: Astoria) е град во сојузната американска држава Орегон. Асторија е центар на округот Клатсоп. Градот се наоѓа на устието на реката Колумбија и името на градот потекнува од американскиот инвеститор и прв милионер Џон Џејкоб Астор. Неговата компанија за крзно го основала Форт Асторија во 1811 година. Местото било инкорпорирано на 20 октомври 1876 година од Орегон.[2] Асторија е познат по тоа што е прв град на западниот брег на САД основан од Американци.

Асторија
град
Поглед кон Асторија
Поглед кон Асторија
Амблем на Асторија
Амблем
Местоположба во Орегон
Местоположба во Орегон
Координати: 46°11′20″N 123°49′16″W / 46.18889° СГШ; 123.82111° ЗГД / 46.18889; -123.82111
ЗемјаСАД
Сојузна државаОрегон
ОкругКлатсоп
Основан1811
Инкорпориран1876
Управа
 • ГрадоначалникВилис ван Дусен
Површина
 • Вкупна27.5 км2
 • Земјишна15.9 км2
 • Вода11.6 км2
Надм. вис.&100000000000007010000007,01 м
Население (2010[1])
 • Вкупно9.477
 • Густина5.945/км2
Час. појасPST (UTC-8)
 • Лето (ЛСВ)PDT (UTC-7)
Поштенски код97103
Повик. бр.503 и 971
Мреж. местоwww.astoria.or.us

Демографија

Според пописот од 2000 година, градот имал население од 9,813 жители.

  • 91.08% белци
  • 0.52% црнци
  • 1.14% староседелци
  • 1.94% Азијци
  • 0.19% луѓе од Тихиот Океан
  • 2.67% останати раси
  • 2.46% мешани

Збратимени градови

Асторија е збратимена со еден град[3]:

  • Валдорф, Германија, родното место на Џон Џејкоб Астор.

Наводи

Поврзано

  • Орегон
  • Градови во САД
  • Џон Џејкоб Астор

Надворешни врски