Арон Гунарсон

Исландски фудбалер

Арон Еинар Малмквист Гунарсон (роден на 22 април 1989 г.) — исландски професионален фудбалер кој игра за велшкиот клуб Кардиф Сити. Тој може да игра на десната бековска позиција и исто така во средниот ред.

Арон Гунарсон
Арон во дресот на Исланд во 2014 година
Лични податоци
Полно имеАрон Еинар Малмквист Гунарсон[1]
Роден на22 април 1989(1989-04-22)(35 г.)[1]
Роден воАкирејри, Исланд
ДржаваИсланд Исланд
Висина1.78 м[1]
ПозицијаСреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубКардиф Сити Кардиф Сити
Број17
Младинска кариера
2004–2005Тор Акирејри
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2005–2006Тор Акирејри11(0)
2006–2008Аз Алкмар Аз Алкмар1(0)
2008–2011Ковентри Ковентри Сити123(6)
2011–Кардиф Сити Кардиф Сити227(23)
Репрезентација
2005Исланд Исланд до 17 г.7(2)
2006–2008Исланд Исланд до 19 г.16(1)
2007–2011Исланд Исланд до 21 г.11(1)
2008–Исланд Исланд71(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19 август 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 29 јуни 2017

Тој ја започнал својата кариера во Тор Акирејри, и одиграл еден натпревар за холандскиот клуб Аз Алкмар пред да се приклучи на Ковентри Сити во 2008 година. По одиграни 133 натпревари за клубот, тој направил трансфер во Кардиф Сити, со кој играл во финалето на англискиот Лига куп во 2012 година, како и во Премиер лигата во сезоната 2013–14.

Арон е дел од репрезентацијата на Исланд од 2008 година и досега има одиграно преку 70 натпревари во исландскиот дрес. Тој е капитен на Исланд од средината на 2012 година и бил предводник на составот кој на своето прво големо натпреварување, Европското првенство 2016, стигнал до четвртфиналето. Две години подоцна, тој бил капитен на исландската репрезентација и на Светското првенство 2018.

Животопис

Неговиот постар брат Арнор Тор Гунарсон е ракометар и игра за репрезентацијата на Исланд.[2]

Клупска кариера

Почетоци

Роден во Акирејри, Арон ја започнал својата кариера во локалниот клуб Тор Акирејри во 2005 година, а веќе следната година направил трансфер во холандското првенство, потпишувајќи за Аз Алкмар.

Ковентри Сити

Арон потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Ковентри Сити на 17 јуни 2008 година.[3] Своето деби за клубот тој го остварил во првото коло од Чемпионшип лигата против Норич Сити, натпревар кој Ковентри го добил со 2–0.[4] Првиот гол во кариерата тој го постигнал на 14 февруари 2009 година во натпревар од ФА Купот против премиерлигашот Блекбурн Роверс.[5] За време на својот престој во Ковентри, Арон бил желба на неколку премиерлигашки клубови, доведувајќи го Ковентри да понуди подобрен договор на 12 март.[6] Арон првиот гол во Чемпионшип лигата го постигнал против Кристал Палас.[7] На крајот на неговата прва сезона во Англија, Арон бил изгласан од страна на навивачите на Ковентри Сити за најдобар играч на клубот во сезоната.[8]

Следната сезона, Арон го променил бројот на дресот од 12 на 17, бидејќи неговиот брат, кој е професионален ракометар, исто така го носел тој број на својот дрес.[9] Следната сезона тој продолжил да биде важна алка во средниот ред на Ковентри Сити, и во текот на сезоната одиграл 42 натпревари за клубот и постигнал еден гол, и тоа против Мидлзборо.[10]

Ковентри Сити ја започнал сезоната 2010–11 со силно темпо, наговестувајќи дека ќе се обиде да заврши високо на табелата. Арон својот прв гол во сезоната го постигнал против новиот второлигаш, Милвол.[11] По три години во Ковентри Сити, тој го постигнал својот прв гол на домашен терен, на Рикох арената, против Престон Норт Енд.[12] Три дена подоцна, Арон повторно бил стрелец на гол, овојпат против Донкастер Роверс.[13] Неговиот договор со клубот истекувал на крајот на сезоната и на 10 декември, Арон изјавил дека сака да остане во Ковентри Сити.[14] Следната недела тој го добил првиот црвен картон во кариерата, против Норич Сити.[15] Поради тоа што неговиот агент и клубот не успеале да најдат заеднички јазик за потпишување на нов договор, од клубот му дале последен рок на Арон да се согласи да остане.[16] Сепак, бидејќи Арон и неговиот агент не успеале да се договорат со Ковентри Сити, неговиот агент потврдил дека Кардиф Сити, кој исто така се натпреварувал во Чемпионшип лигата, е блиску да го доведе во своите редови.[17]

Кардиф Сити

Арон во дресот на Кардиф Сити во 2012 година.

На 8 јули 2011 година, Арон се согласил на тригодишен договор со Кардиф Сити и бил петто засилување на новиот тренер Молки Макај. На Ковентри Сити му бил платен надоместок бидејќи Арон бил под 24 години.[18]

Првиот натпревар за новиот клуб, Арон го одиграл на почетокот на новата сезона, одигрувајќи ги сите 90 минути во гостинската победа од 1–0 над Вест Хем Јунајтед.[19] На вториот натпревар, против Бристол Сити, Арон се здобил со повреда на зглоб и го напуштил теренот по само 10 минути.[20] На 22 октомври, Арон постигнал два гола во победата од 5–3 над Барнсли и бил прогласен за играч на натпреварот.[21]

Арон го одиграл во целост финалето на Лига купот во 2012 година, во кое Кардиф Сити биле поразени со 3–2 по изведување на пенали од премиерлигашот Ливерпул на Вембли.[22]

Арон го постигнал првиот гол за Кардиф Сити во Премиер лигата на 25 август 2013 година, против Манчестер Сити во натпревар кој Кардиф изненадувачки победил со 3–2.[23] Во јуни 2015 година, тој потпишал нов договор со клубот, со важност до 2018 година.[24]

По враќањето од Европското првенство 2016, Арон бил поврзуван со неколку клубови, притоа Дерби Каунти и Норич Сити го потврдиле интересот за него. Сепак, тренерот на Кардиф Сити, Пол Тролоп, го опишал Арон како „клучен играч“ за клубот.[25] Неговите одлични настапи во дресот на Кардиф Сити, на крајот на сезоната му го донеле признанието играч на годината.[26]

Репрезентативна кариера

Наводи

Надворешни врски