Аргонаути

Аргонаути — хеленски епски јунаци кои со бродот Арго тргнале во потрага по Златното руно во Колхида.

Собирање на Аргонаутите, антички црвенофигурален кратер, 460–450 г.п.н.е., Лувр (Г 341)

Причини и тргнување

Според митолошките извори на повик на Јасон, атолскиот јунак и наследник на кралството на Ајсон, кој на оваа задача бил предизвикан со итрина на Пелиј, неговиот чичко кој на измама го зел престолот од татко му. Мисијата била опасна, непредвидлива и неизвесна. Јасон од прочуениот бродоградител Арг побарал брод и пратил гласници низ целата земја да ги повика јунаците да му се придружат на таа мисија.[1]

Список на Аргонаути

  • Акаст, синот на кралот Пелиј;
  • Актор, синот на Дејон од Фокида;
  • Адмет, принцот од Фера;
  • Амфијарај, аргивски пророк;
  • Големиот Анкај од Тега, синот на Посејдон;
  • Малиот Анкај, лелегиец од Сам;
  • Арг Теспијски, бродоградителот на Арго;
  • Аскалаф орхоменец синот на Ареј;
  • Астериј синот на Комет Пелопљанин;
  • Аталанта од Калидон девица, ловец;
  • Аугеја, синот на кралот Форбант од Елида;
  • Бут од Атена, пчелар;
  • Ехион синот на Хермес;
  • Ергин од Милет;
  • Еуфем од Тајнар, пливач;
  • Еуријал, синот на Мекистеј, еден од Епигони;
  • Еуридамант Долопљанец, од езерото Ксиние;
  • Фалер од Крета, синот на Дионис;
  • Херакле од Тиринт, најсилниот човек кој некогаш живеел, а потоа станал бог;
  • Хила од Дриоп, штитоноша на Херакле;
  • Идај, синот на Афареј од Месена;
  • Идмон од Арг, синот на Аполон;
  • Ификле, синот на [[Тестиј Ајтолан;
  • Ифит, братот на кралот Еуристеј од Микена;
  • Јасон, водач на потрагата;
  • Јолај,внукот на Херакле;
  • Кајнеј Лапит кој некогаш бил жена;
  • Калаид, крилатиот син на Бореј;
  • Канто од Еубоја;
  • Кастор еден од Диоскурите;
  • Кефеј синот на Алеј од Аркадија;
  • Корон Лапит од Гиртон во Тесалија;
  • Лаерт, синот на Акрисиј од Арг;
  • Линкеј извидник, братот на Идај, познат по остриот поглед што ги пробивал дури и ѕидовите;[2]
  • Мелампо од Пил, синот на Посејдон;
  • Мелеагар од Калидон;
  • Мопс Лапит;
  • Науплие од Арг, синот на Посејдон, прочуениот морепловец;
  • Ојлеј од Локрид, таткото на Ајант;
  • Орфеј, поет од Тракија;
  • Палајмон, синот на Хефаст од Ајтолија;
  • Пелеј Мирмидонец;
  • Пенелеј, синот на Хепалким од Бојотија;
  • Периклимен од Пил, волшебник, синот на Посејдон;
  • Појант, синот на Таумак од Магнезија;
  • Полидеук спартанскиот боксер, еден од Диоскурите;
  • Полифем, синот на Елат од Аркадија;
  • Стафил, братот на Хан;
  • Тифие, крмар од Исифија;
  • Зет, братот на Калаид.

Велат дека никогаш ни порано, ни подоцна не се собрала така величествена група на некој брод.[3]

Наводи