Андрогинија

(Пренасочено од Андрогена личност)

Андрогинија е комбинација на машки и женски одлики. Половата двосмисленост може да се најде во модата, сексуалната ориентација, или сексуалниот живот. Ова исто така може да се однесува и на биолошки интерполови личности.

Свети Јован Крстител од Леонардо да Винчи

Потекло на поимот

Терминот потекнува од латинскиот: androgynus, добиен од старогрчкиот: ἀνδρόγυνος, од ἀνδρ- (andr-, што значи маж) и γυνή (gyné, што значи жена).[1]

Историја

Луиза Брукс е пример за флаперка, тие ги предизвикувале традиционалните полови улоги, имале кратка момчешка коса и андрогини фигури.[2]

Андрогинијата и хомосексуалноста се споменуваат во симпозиумот на Платон во мит кој Аристофан го раскажува на публиката.[3] Според митот луѓето биле сферични суштества, со две тела поврзани заедно. Имало три пола: маж-маж лица кои потекнувале од сонцето, жена-жена луѓето кои потекнувале од земјата, и маж-жена луѓето кои потекнувале од Месечината. Ова последно спарување претставува андрогина двојка. Овие сферни луѓе се обиделе да ја преземат моќта од боговите и не успеале. Зевс потоа одлучи да ги подели на половина и Аполо ги сошил оставајќи го папокот како потсетник да не им се повторно пркосат на боговите. Ако се случи тоа, тој повторно ќе ги подели на два да потскокнуваат околу на една нога. Ова е еден од првите напишани документи за андрогинијата.

Полови улоги

Според Сандра Бем, андрогините мажи и жени се повеќе флексибилни и ментално здрави.[4] Поновите истражувања не ја целосно потврдуваат оваа идеја, а и Бем самата најде слабости во својата оригинална пионерска работа.

Особености

Андрогини одлики се оние кои или немаат полова вредност или имаат некои аспекти кои генерално се припишуваат на спротивниот пол.[5] Да се ​​каже дека некоја култура или врска е андрогина е да се каже дека во неа нема крути полови улоги и дека луѓето кои се вклучени покажуваат одлики или се причестуваат во активности традиционално поврзани со другиот пол. Терминот "андрогин" често се користи за лице чиј изглед или градба го прави одредувањето на полот тешко, но генерално не се користи за да се опишат вистински интерполови луѓе.

Андрогинијата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Андрогин“ (Androgynous) - песна на американската рок-група „Риплејсментс“ (The Replacements) од 1984 година.[6]
  • „Андрогин ум“ (Androgynous Mind) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1994 година.[7]

Наводи