„Амадеус“ е историски филм снимен во 1984 во режија на Милош Форман и сценарио на Питер Шефер. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава на Шефер, во која се раскажува за наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија, во втората половина на XVIII век.
„Амадеус“ беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум Оскари (вклучувајќи и Оскар за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири Златни глобуси и една од Режисерското здружение на Америка. Во 1998, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53-тото место на листата „100 години... 100 филмови“.