Ал-Фарук Амину

Американски кошаркар

Ал-Фарук Ажиеде Амину (21 септември 1990 во Атланта) — нигериско-американски професионален кошаркар кој настапува за екипата на Чикаго Булс од НБА.Тој настапува и за кошаркарската репрезентација на Нигерија.

Ал-Фарук Амину
Амину во дресот Њу Орлеанс во 2013
Амину во дресот Њу Орлеанс во 2013
ПозицијаКрило
Висина2,06 м
Тежина100 кг
ЛигаНБА
Роден21 септември 1990(1990-09-21)(33 г.)
Атланта, Џорџија, САД
НационалностСАД САД
Нигерија Нигерија
ФакултетВејк Форест
Драфт2010 / Рунда: 1 / Пик: 8-ми overall
Избран од Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
Проф. кариера2010–
Клубови
2010–2011Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
2011-2013Њу Орлеанс Хорнетс Њу Орлеанс Хорнетс
2013-2014Њу Орлеанс Њу Орлеанс Пеликанс
2014-2015Далас Далас Маверикс
2015-2019Портланд Портланд Т. Блејзерс
2019-2021Орландо Орландо Меџик
2021Чикаго Чикаго Булс
Репрезентација
Инфо од: 20.02.2022.

Животопис

Амину е роден во Атланта, Џорџија, како дете на Абубакар и Анџирлик Амину. Неговиот брат, Аладе Амину е исто така професионален кошаркар.[1] Амину е од исламска вероисповед.[2]

Кариера

Амину бил одбран како осми пик на драфтот во 2010 од страна на Лос Анџелес Клиперс.[3] Во декември 2011 бил разменет во екипата на Њу Орлеанс Пеликанс каде останал три сезони и бил дел од почетната постава. Во јули 2014 потпишал едногодишен договор со Далас Маверикс,[4] но во Далас имал скромна минутажа. Во јули 2015 Амину потпишал четиригодишен договор со екипата Портланд Трејлблејзерс вреден 30 милиони долари.[5]

НБА статистика

Легенда
  ОНОдиграно натпревари  СН Натпревари како стартер МПН Минути по натпревари
 ПШИ% Процент на шут од игра 3П% Процент на шут за три бода СФ% Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН Скокови по натпревар AсПН Асистенции по натпревар УТПН Украдени топки по натпревар
 БлПН Блокади по натпревар ППН Поени по натпревар Задебелено Најдобро во кариерата

Регуларен дел

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2010–2011 Л.А. Клиперс811417.9.394.315.7733.3.7.7.35.6
2011–2012 Њу Орлеанс662122.4.411.277.7544.71.0.9.56.0
2012–2013 Њу Орлеанс767127.2.475.211.7377.71.41.2.77.3
2013–2014 Њу Орлеанс806525.6.474.271.6646.21.41.0.57.2
2014–2015 Далас74318.5.412.274.7124.6.8.9.85.6
2015–2016 Портланд828228.5.416.361.7376.11.7.9.610.2
2016–2017 Портланд612529.1.392.329.7067.41.61.0.78.7
Кариера52048124.1.426.323.7255.71.21.0.67.2

Разигрување

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2015 Далас5230.0.548.636.7897.21.22.01.611.2
2016 Портланд111133.8.438.400.7248.61.8.7.914.6
Кариера161332.6.459.432.7508.21.61.11.113.6

Наводи

Надворешни врски