Алфред Хичкок

Алфред Џозеф Хичкок (Sir Alfred Joseph Hitchcock; Лентонстаун, 13 август 1899Лос Анџелес, 29 април 1980) — британски филмски режисер познат по жанрот „трилер“.

Алфред Хичкок
Роден(а)Алфред Хичкок
13 август 1899(1899-08-13)
Лентонстаун, Ангија
Починал(а)29 април 1980(1980-04-29) (возр. 80)
Лос Анџелес, САД
Занимањережисер
Активен период1921 — 1976
СопружникАлма Ревил (1926 — 1980)

Животопис

Творештво

Под влијание на експресионизмот од Германија, Хичкок започнал да режира во Англија, а од 1939 година работел во САД. Неговиот прв филм е „Бројот 13“ (Number 13), кој останал недовршен, а последниот филм „Семејна завера“ го снимил во 1976 година.[1] Тој е еден од најпознатите и најпопуларните режисери на сите времиња. Неговите иновации и визии влијаеле врз голем број режисери, продуценти и глумци. Хичкок снимила вкупно 67 филмови од кои најпознати се: „Психо“, „Вртоглавица“, „Птици“, „Ребека“, „Озлогласената“, „Човекот кој знаеше премногу“, итн.[2] Во 1995 година, во анкетата на повеќе филмски критичари, Хичкок бил прогласен за најдобриот режисер на 20. век, а во 2005 година била прогласен за најдобар режисер на сите времиња. Наспроти тоа, тој никогаш не ја добил наградата „Оскар“, ниту за животно дело, а само пет негови филмови биле номинирани за оваа награда.[1]

Филмографија

Наводи