Алесио Черчи

италијански фудбалер

Алесио Черчи (роден на 23 јули 1987 во Велетри) — италијански фудбалер, напаѓач или играч од средниот ред на Хелас Верона.

Алесио Черчи
Лични податоци
Роден на23 јули 1987(1987-07-23)(36 г.)
Роден воВелетри, Италија
ДржаваИталија Италија
Висина&100000000000001780000001,78 м[1]
Позицијанапаѓач, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клубВерона Верона
Број10
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2003–2010Рома Рома13(0)
2006-2007Бреша Бреша21(0)
2007–2008Пиза Пиза26(10)
2008-2009Аталанта Аталанта13(0)
2010-2012Фјорентина Фјорентина47(12)
2012-2014Торино Торино72(21)
2014-2017Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид7(0)
2015-2016Милан Милан29(1)
2016Џенова Џенова11(4)
2017-Верона Верона5(0)
Репрезентација
2003Италија Италија 166(2)
2003-2004Италија Италија 179(3)
2004Италија Италија 183(1)
2004-2006Италија Италија 199(1)
2005-2006Италија Италија 202(1)
2007-2009Италија Италија 216(1)
2013-2014Италија Италија14(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 мај 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Животопис

Роден е во Велетри, но по потекло е од Валмонтоне. На 4 јуни 2015 тој се оженил во Рим со Федерика Рикарди.[2]

Технички одлики

Природно игра со левата нога, со добра техника и брзина, игра главно како напаѓачко крило или по надворешните позиции во средниот ред: способен е да дејствува на двете страни од теренот, но претпочита да игра по десната страна за да може подобро да се намести да центрира и да шутира кон голот со левата нога.[3] Во деновите кога беше играч на Торино, тренерот Џампјеро Вентура го користел како втор напаѓач.[4]

Кариера

Клупска кариера

Черчи израснал во Валмонте, а во 2003 година се приклучува на академијата на Рома. Во тоа време тренер на клубот бил Капело, кој во неговата последна сезона на клупата на џалоросите, му дал можност на 16-годишниот Черчи да дебитира на 16 мај 2004 година во натпреварот против Сампдорија.[5] На 21 март 2005 година го потпишал својот прв професионален договор[6] и, додека продолжува да игра во Примавера првенството, собрал уште други 3 настапи во Серија А до сезоната 2005-2006.[7]

Својата најдобра сезона во кариерата ја одиграл во дресот на Торино во сезоната 2013-2014 во Серија А кога на 37 натпревари постигнал 13 гола и забележал 10 асистенции. Веднаш по таа сезона на 1 септември 2014, Черчи потпишал тригодишен договор со шпанскиот Атлетико Мадрид, кој за неговите услуги му платил на Торо 16 милиони евра.[8] Не можејќи да се избори за постојано место во почетната постава на колчонерос, Черчи бил позајмуван назад во Италија на Милан на 5 јануари 2015 и Џенова на 22 јануари 2016.

На 31 август 2016 му пропаднал трансферот во Болоња поради тоа што не успеал да ги мине медицинските тестови заради проблеми со коленото па останал во Атлетико Мадрид, но одиграл само два натпревари за клубот во сезоната 2016-2017.

На 10 јули 2017, Черчи потпишал за Хелас Верона.[9]

Репрезентативна кариера

Черчи бил член на сите младински селекции на Италија, од онаа под 16 до под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил во ремито 2-2 против Бразил во пријателски натпревар.

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 15 април 2017..

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2003-2004 РомаА10КИ00КУ00--10
2004-2005А20КИ00ЛШ00--20
2005-2006А10КИ10КУ00--20
2006-2007 БрешаБ210КИ20----230
2007-2008 ПизаБ2610КИ20----2810
2008-2009 АталантаА130КИ10----140
2009-2010 РомаA90КИ20ЛЕ8[10]3[11]--193
Вкупно Рома1303083--243
2010-2011 ФјорентинаА247КИ31----278
2011-2012А235КИ33----268
Вкупно Фјорентина471264----5316
2012-2013 ТориноA358КИ00----358
2013-2014A3713КИ10----3813
Вкупно Торино722110----7321
2014-јан. 2015 Атлетико МадридПД60КШ10ЛШ21СШ0091
јан.-јун. 2015 МиланА161КИ20----181
2015-јан. 2016А130КИ20----150
Вкупно Милан29140----331
јан.-јун. 2016 ЏеноваА114КИ00----114
2016-2017 Атлетико МадридПД10КШ10ЛШ00--20
Вкупно Атлетико Мадрид702021--111
Вкупно во кариерата239482141040027056

Наводи

Надворешни врски