Алесио Ромањоли

Алесио Ромањоли (роден на 12 јануари 1995 во Анцио, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Лацио во италијанската Серија А како и за Репрезентацијата на Италија. Алесио Ромањоли игра на позиција одбрана.

Алесио Ромањоли
Алесио Ромањоли
Лични податоци
Полно имеАлесио Ромањоли
Роден на12 јануари 1995(1995-01-12)(29 г.)
Роден воАнцио, Италија
Висина&100000000000001900000001,90 м
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубЛацио Лацио
Број13
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2012–2015Рома Рома13(1)
2014–2015Сампдорија Сампдорија (п)30(2)
2015–2022Милан Милан197(8)
2022-Лацио Лацио1(0)
Репрезентација
2011Италија U16[1]3(0)
2011–2012Италија U17[1]6(0)
2011–2014Италија U19[1]12(0)
2014–Италија U21[1]15(1)
2016–Италија12(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 мај 2022
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18 ноември 2019

Клупска кариера

ФК Рома

Ромањоли својата фудбалска кариера ја започнал во младинската школа на ФК Рома, додека како професионален играч своето деби го имал на 11 декември 2012 година против екипата на ФК Аталанта во купот на Италија[2]. Својот прв натпревар во Серија А го имал 12 дена подоцна кога влегол како замена против ФК Милан. Првиот гол за клубот го одбележил на 3 март 2013 година при победата со 3-1 над ФК Џенова. На 31 мај 2014 година, Ромањоли потпишал нов четиригодишен договор со Рома[3].

ФК Сампдорија

За сезоната 2014/2015 година Алесио Ромањоли бил позајмен во ФК Сампдорија. На 1 септември 2014 година, Ромањоли бил позајмен во Сампдорија за 500.000 евра, со можност за купување за 2 милиони евра, како и контра-опција од 750.000 евра[4][5][6]. Ромањоли го направил своето деби на Сампдорија како замена во победата од 2-0 против Торино на 14 септември. Тој го постигнал својот прв гол за Сампдорија на 24 септември 2014 година во поразот од 2-1 против Киево. Во јуни 2015 година, Рома ја активирале куповната клаузула и го вратиле во клубот[7].

ФК Милан

Поранешниот тренер на Ромањоли во Сампдорија - Синиша Михајловиќ бил назначен за тренер на Милан. Задоволен од настапите на Ромањоли од претходната сезона, Михајловиќ инсистирал пред раководството на Милан да се привлече играчот и Алесио Ромањоли бил купен од Рома за сума од 25 милиони евра на 11 август 2015 година[8]. Своето дебитирање за клубот од Милано го имал на 18 август истата година во победата од 2:0 над Перуџа во Купот на Италија[9]. Шест дена подоцна, тој го направил своето прво појавување во Серија А со новиот клуб, по во поразот на Милан од 2-0 против ФК Фјорентина[10].

На 1 март 2016 година го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 5-0 против Алесандија во Купот на Италија. Овој натпревар го испратил Милан до финалето за првпат од 2003 година[11]. Ромањоли ја завршил својата прва сезона во дресот на Милан со 40 настапи во сите натпреварувања.

По враќањето на Леонардо Бонучи во ФК Јувентус, Ромањоли во сезоната 2018/2019 бил назначен за капитен на Милан[12].

На 28 ноември 2021 година, Ромањоли го постигнал својот прв гол во сезоната 2021-2022 против Сасуоло во поразот од 3–1[13]. На 9 февруари 2022 година, против Лацио во Купот на Италија, тој асистирал за воведниот гол во победата од 4–0[14].

Ромањоли го одбил продолжувањето на договорот од Милан и на тој начин го напуштил клубот на крајот на сезоната[15][16].

ФК Лацио

На 12 јули 2022 година, Ромањоли потпишал петгодишен договор со Лацио[17].

Репрезентативна кариера

Ромањоли ја претставувал Италија во повеќе прилики на возраст под 16 години, под 17 години и под 19 години. Тој го направил своето прво појавување за екипата под 21 година против Северна Ирска на 5 март 2014 година, играјќи ги целосните 90 минути. Со Италија под 21 година, тој учествувал на УЕФА Европското првенство под 21 година, формирајќи делотворно партнерство со колегите од центарот, Даниеле Ругани.

На 27 август бил повикан во највисокиот состав за првпат за пријателски натпревар против Франција на 1 септември и квалификацискиот натпревар од Светското првенство во 2018 година на 5 септември против Израел.

На 6 октомври, Ромањоли го направил своето деби во квалификацискиот натпревар од Светското првенство во 2018 година, играјќи ги сите 90 минути, во 1-1 натпреварот против Шпанија[18][19].

Статистика

Клупска

Обновено на август 2022.[20]
КлубСезонаЛигаКупЕвропаОстанатоВкупно
ЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГолови
Рома2012–13Серија A211031
2013–14Серија A11000110
Вкупно13110141
Сампдорија (позајмен)2014–15Серија A30210312
Милан2015–16Серија A34061401
2016–17Серија A271101[lower-alpha 1]0291
2017–18Серија A282519[lower-alpha 2]0423
2018–19Серија A322404[lower-alpha 2]01[lower-alpha 1]0412
2019–20Серија A35140391
2020–21Серија A221206[lower-alpha 2]0291
2021–22Серија A191205[lower-alpha 3]0261
Вкупно19782422402024710
Лацио2022-23Серија A000000
Вкупно240112622402029213

Меѓународна

Обновено на 26 март 2019[20]
Италија
ГодинаНатпревариГолови
201640
201710
201830
201910
Вкупно90

Наводи

Надворешни врски