Ален Стевановиќ

Ален Стевановиќ (роден на 7 јануари 1991 година, Швајцарија) е професионален српски фудбалер кој настапува како лево крило. Во моментов ги брани боите на клубот од првата лига на Србија, ФК ИМТ. Тој бил производ на младинската академија на Раднички од Обреновац. Ален Стевановиќ се прославил додека настапувал за составот на Торино. За српската репрезентација за прв пат настапил во 2012 година.

Стевановиќ како играч во Торино

Почетокот на животот

Родителите на Ален Стевановиќ се разделиле набргу по неговото раѓање во Цирих. Тој никогаш не го запознал својот биолошки татко. Веднаш по разделбата, кога Ален имал само три месеци, мајка му го донела во местото Бечмен, СР Србија за да продолжи да живее со неговите баба и вујко,[1] додека таа се вратила да престојува во Швајцарија. Ален, не можел да стигне до мајка си во Цирих бидејќи не успеал да добие виза за престој и можел да ја види само еднаш во текот на годината. Неговиот дедо, кој работел и во Швајцарија и набрзо се вратил во Белград, починал една година подоцна на 58-годишна возраст. До сезоната 2004-2005 година, како што самиот изјавил, бил лут на својот живот и тоа во голема мера го попречило почетокот на неговата професионална фудбалска кариера.[2] Тој се оженил со Дуња на 17 февруари 2013 година и на 20 ноември 2013 година станал татко на неговото прво дете со име Нева.[3] На 27 јули 2018 година станал татко по втор пат, кога неговата сопруга го родила синот Матеј.

Клупска кариера

Интер од Милано

Ален Стевановиќ својата професионална кариера ја започнал во Србија, поточно во екипата на ФК Раднички од Обреновац.[4] На почетокот на 2009 година, му била договорена средба со италијанскиот шампион Интернационале (Интер од Милано), а по пристигнувањето во Милано на 9 јануари. Стевановиќ потпишал договор со клубот во месец февруари.[5]

Во ноември 2009 година, Стевановиќ заедно со младиот играч Џулио Донати, бил поставен во првиот тим за натпреварот против екипата на Ливорно во Купот на Италија, но останал неискористен бидејќи бил на клупата за резервни играчи.[6]

Тој подоцна отпатувал со првиот тим во Абу Даби, ОАЕ и во Саудиска Арабија во зимскиот тренинг камп.[7] Пријателскиот натпревар против екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија го одиграл како стартер на тимот.[8]

Поради повредите на Естебан Камбијасо, Сали Мунтари и Рене Крин, Стевановиќ се нашол во составот за прволигашкиот натпревар по зимската пауза, против екипата на Киево, но повторно не добил минутажа зошто останал на клупата за резервни играчи.[9]

Неколку дена подоцна, на 8 јануари 2010 година откако соиграчот Патрик Виера заминал во екипата на Манчестер Сити, Стевановиќ го одиграл својот прв натпревар во Серија А. Тоа бил натпреварот од 9 јануари на домашен терен против составот на Сиена. На тој натпревар, Ален влегол во игра како замена за соиграчот Тиаго Мота во 67 минута. Главниот тренер на Интер Жозе Мурињо ја направил таа замена како директен одговор на водството на екипата на Сиена со 3:2 на голот постигнат две минути претходно. До крајот, екипата на Интер успеала да направи пресврт во резултатот и да победи со 4:3 и тоа во судиското надополнување.[10]

Торино

На 22 јули 2010 година, Ален Стевановиќ заминал во тимот од Серија Б, во екипата на Торино за сума од два милиони евра. Тој, за новиот клуб за прв пат настапил во Копа Италија против екипата на Козенца. На тој натпревар врз него бил направен пенал. Тренерот на екипата на Торино, Франко Лерда, во текот на сезоната вкупно 8 пати го има ставано во екипата на лигашки натпревари и уште еднаш во натпревар од Купот на Италија.

Торонто ФК (како позајмен играч)

На 24 март 2011 година, Стевановиќ бил официјално претставен дека ќе му се приклучи на МЛС клубот ФК Торонто и тоа како позајмен играч.[11] Ален својот прв натпревар за клубот го имал на 26 март 2011 година во победата со 2:0 на домашен терен против составот наПортланд Тимберс.[12] По поразот од 1:0 на домашен терен на 18 јуни, од составот на ФК Сиетл Саундерс, во кој Стевановиќ го забележал својот прв настап како стартер по речиси период од еден месец, српскиот офанзивен играч за врска бил отповикан од тимот на Торино и тој веднаш требало да се врати во Италија.[13]

Враќање во Торино

На 21 јуни 2011 година, договорот за косопственост бил обновен за наредната сезона 2011–12. На 4 септември 2011 година, тој го постигнал својот прв гол како професионален фудбалер, обезбедувајќи му водство на клубот на Торино против составот на Варезе.[14] Сезоната ја завршил со 36 одиграни натпревари и 3 постигнати гола. На 22 јуни 2012 година, косопственоста врз него била повторно обновена. Неговиот нов договор со екипата на Торино важел до 30 јуни 2015.[15] На 26 август 2012 година, Ален Стевановиќ го одиграл својот прв натпревар во сезоната 2012–13, и тоа против екипата на Сиена.[16] На тој натпревар бил стартер во екипата. На 30 септември 2012 година, тој влегол во игра во 58 минута како замена за соиграчот Марио Сантана и го постигнал голот по центаршутот на Алесио Черчи. Тој натпревар екипата на Торино го играла против составот на Аталанта. Резултатот бил 1:5 во корист на екипата на Стевановиќ.[17]

На 19 јуни 2013 година, по 15 настапи и 2 гола во Серија А, договорот за косопственост бил решен во корист на екипата на Торино.[18]

Како позајмен играч во екипите на Палермо, Бари и Специја

На 11 јули 2013 година, тој се преселил во екипата на Палермо како позајмен играч со право на откуп на договорот за косопственост,[19] кој бил финализиран наредниот ден.[20] Својот прв натпревар во дресот на популарните росанеро (розови), го одиграл на 11 август 2013 година во второто коло од Купот на Италија, во победата од 2:1 над екипата на Кремонезе, играјќи како стартер.[21] На 3 мај 2014 година, по победата против екипата на Новара од 1:0 на гостински терен составот на Палермо бил промовиран во Серија А - на пет натпревари до крајот на сезоната. Ален, сезоната ја завршил со 21 одигран натпревар и еден постигнат гол во Купот на Италија.

На 24 јули 2014 година тој бил со статус на позајмен играч во составот на Бари, со можност за откуп на договорот.[22] Во месец јануари 2015 година, Стевановиќ бил отповикан од екипата на Торино и веднаш испратен како позајмен играч во составот на Специја од каде како замена требало да пристигнат во екипата на Торино за напаѓачот Осаримен Ебагуа и играчот од средниот ред Пасквал Скиатрела.[23]

Партизан

На 31 август 2015 година, Ален Стевановиќ му се приклучил на составот на Партизан од екипата на Торино и тоа на слободен трансфер, потпишувајќи тригодишен договор. Го добил дресот со број 91. Два дена подоцна тој бил официјално претставен на стадионот на Партизан. На 12 септември 2015 година, Ален Стевановиќ го одиграл својот прв официјален натпревар за клубот во вечното дерби против екипата на Црвена ѕвезда од Белград и го постигнал израмнувачкиот гол за екипата на Партизан.[24] На 1 октомври 2015 година, тој го одиграл својот прв натпревар за составот на Партизан во натпреварувањата на УЕФА во групната фаза од Лига Европа во победата 1:3 на гостински терен над составот на Аугсбург.[25] Тој го постигнал водечкиот гол за екипата на Партизан на 14 октомври 2015 година против составот на Радник од Сурдулица во нерешениот натпревар од 2:2 на гостински терен.[26] Ален одиграл вкупно 3 натпревари во групната фаза на УЕФА Лигата на Европа 2015–16.

На 2 март 2016 година, Стевановиќ постигнал гол во четвртфиналето на Купот на Србија против екипата на Раднички од Ниш во победата од 2:0 на домашен терен.[27]

Шонан Белмар

На 29 декември 2016 година, потпишал двегодишен договор со екипата на Шонан Белмар.[28] На 10 септември 2018 година, тој официјално го раскинал договорот со екипата на Белмар и тоа со заедничка согласност.[29]

Висла Плок

Ален Стевановиќ официјално му се приклучил на полскиот клуб Висла од Плок на 12 февруари 2019 година со потпишан договор со траење на една година и половина.[30] На 27 јули 2019 година се појавила вест дека Стевановиќ бил исклучен од првиот тим. Портпаролот на клубот објаснил дека Ален прекршил одредени правила на клубот, без дополнителни коментари за што станува збор, но неговиот договор не бил раскинат.[31] Подоцна било откриено дека причината зошто тој бил исклучен е тоа што не се појавил на тренингот пред натпреварот против екипата на Лех од Познањ. Истото тоа веќе се случило и двапати претходно во истиот клуб. Сепак, тој се вратил на тренинзите со првиот тим на помалку од две седмици подоцна.[32]

На 19 август екипата на Висла потврдила дека поднеле барање до Комората за решавање на спортски спорови за раскинување на договорот со Ален Стевановиќ.[33] На 30 август било пријавено дека Стевановиќ едноставно исчезнал и по четврти пат, не се појавил на тренинг. Никој не знаел ниту нешто слушнал за него во тој момент.[34] Претседателот на клубот тогаш изјавил дека „овојпат нема можност да се врати во екипата и дека само чекаат да биде прифатено барањето за раскин на договорот“.

Репрезентација

На 3 март 2010 година, тој го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија У-21 и тоа против селекцијата на Македонија.

На 12 октомври 2012 година, Ален бил повикан во сениорската репрезентација на Србија од страна на тренерот Синиша Михајловиќ. За сениорската репрезентација за прв пат настапил кога го заменил својот соиграч Зоран Тошиќ, во 67 минута од натпреварот против селекцијата на Белгија. Тоа бил натпревар од квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2014 година. На тој натпревар репрезентацијата на Србија го загубила дуелот.[35] На 22 март 2013 година, Ален Стевановиќ бил првпат во стартниот состав на српската репрезентација во својата кариерата. Тоа бил натпревар против репрезентацијата на Хрватска, одигран на стадионот Максимир.[36]

Статистика во кариерата

Клупска статистика

Обновено на 23 мај 2015[37]
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариЕвропски натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГолови
Интер од Милан2009–10Серија А1000000010
Торино2010–11Серија Б8020--100
Торонто (како позајмен играч)2011 годинаМЛС (канадска лига)120---120
Торино2011–12Серија Б34320--363
2012–13Серија А15220--172
Палермо (како позајмен играч)2013–14Серија Б21010--220
Бари (како позајмен играч)2014–15Серија Б16100--161
Специја (како позајмен играч)2014–15Серија Б91---91
ФК Партизан2015–16Српска Суперлига203513000284
2016–17Српска Суперлига172101000192
Вкупно во кариерата15312131400017013

 

Меѓународна (репрезентативна) статистика

Обновено на 18 декември 2013 година

Репрезентација на Србија
ГодинаНатпревариГолови
2012 година10
2013 година20
Вкупно30

Признанија

Клупски признанија

Палермо
Партизан

Наводи

Надворешни врски