Роден е во Тбилиси во денешната Грузија на 19 август1853 година . Се образувал во руското елитно воено училиште. Уште на почеток на воената кариера учествувал во Руско-турската војна (1877—1878) . Во 1906 бил унапреден во чин генерал. Во тек на Првата светска војна најпрво командувал со Исмата армија, а подоцна бил командант на југозападниот дел од Источниот фронт.
Кога рускиот цар Николај II абдицирал во 1917 година, Привремената влада го поставила Брусилова за началник на генералштабот. Бил сменет веќе во август 1917 година. Во тек на Октомвриската револуција и Руската граѓанска војна Брусилов не бил активен. На Црвената армија ѝ и се прклучил дури во 1920 година.[1]
Брусилов бил патриот, кој не ја сакал бољшевистичката власт, но веривал дека е тоа начин Русија да стане моќна и обединета. Иако бил симпатизер на белогардејците, се борел против нив, бидејќи тие се бореле на страна на Полска против бољшевиците.
Бил пензиониран со седумдесет години. По неговата смрт, на погребот присуствувало и свештенството. Живеел во станот што го делеле со уште еден паро. Кога умрел, на почесниот државен погреб било присутно и свештенството.