Александар Домогаров

Александар Јурјевиќ Домогаров (јазик Алекса́ндр Ю́рьевич Домога́ров) Москва, 12 јули 1963) е советски и руски филмски и театарски глумец, телевизиски водител, изведувач на шансони и народен глумец на Русија (2007).[1]

Александар Домогаров
Александар Јурјевиќ Домогаров во кино, 2009 година.
Роден(а)12 јули 1963(1963-07-12)(61 г.)
Москва, Русија
ЗанимањеГлумец, водител
Страница
Официјално мрежно место

Животопис

Роден е на 12 јули 1963 година во Москва. После завршетокот на основното и средното образование, се запишал Виша театарска школа М.С Шепкин во 1984 година.[2]
Во периодот од 1984 до 1985 година играл во Малиот театар во Москва[2], а од 1985 година преминал во Театар на руската армија, каде останал сè до 1995 година.[2] Од 1995 година започнува да глуми во театарот Мосовет[2]и на таа сцена го играл Марат во театарската претстава Мојот сиромашен Марат, Сирано во претставата Сирано де Бержерак , докторот Џекил и господинот Хајда во руската верзии на мјузиклот Џекил и Хајд, каде го покажал својот талент за пеење, изведувајќи ги тешките вокални делови во претставата. Го играл и Астров во претставата Вујко Вања, Бершиниан во претставата Трите сестри, Гајев во претставата Вишњик и во многу други.

Покрај работата во театарот „Мосовет“, тој глумел и во многу други претстави во други театри, вклучително и во Московскиот драмски театар и во Краковскиот театар, каде својата улога ја поставил на полски јазик.

Дебитирал за филм во 1984 година, кога добил улога во филмот „Наследство“, во режија на Георгиј Натансон. Првата важна улога ја играл во ТВ филмот „Пирати 3“, каде ја играл улогата на Павел Горин, 1992 година. После улогата во историската телевизиска серија „Грофица Монсоро“ 1997 година, тој ја играл главната улога на грофот и привлекол поголемо внимание на јавноста. После тоа, тој играл во телевизиските серии „Турски марш“ (2000-2007) и „Гангстерите од Санкт Петербург“ (2000-2003).

Надвор од Русија првпат глумел во полската ТВ серија „ Со оган и меч“ (1999), во режија на Јержи Хофман, каде Домогаров ја играл улогата на полковникот Јурко Бохун. Покрај тоа, во Полска тој исто така глумел во ТВ серијата „Криминален бран“ (2003-2008), во филмовите „Една јунска ноќ“ во режија на Анджеј Вајда и во „Битката кај Варшава“, 2011 година, во режија на Јержи Хофман. Во Шведска, тој имал улога во филмот „Офицери“, 2001 година.

Неговиот личен живот е опишан во филмот „Исповед за осамениот човек“ на Александар Домогаров, кој премиерно бил прикажан на 17 март 2012 година.[3]

Семејство

Неговиот дедо од татковата страна бил поморски официр во Привремена влада на Русија и му помогнал на Александар Керенски да побегне од Зимскиот дворец во Санкт Петербург.[4]
Таткото на Александар Јуриј Домагов (1915—1991)[5] бил филмски и театарски глумец и војник на СССР, кој е повеќекратно наградуван.[6] Мајката на Александар била Наталија Петровна Домагова (21 август 1928[5] — јуни 2002 година)[7])[6], а постариот брат Андреј Домогаров (7 јули 1953) завршил Московски државен патнички и технички универзитет, каде предавал како професор.

Од бракот со Наталија Едуардовна Домогарова имал син Димитриј Александрович Домогаров (7 јануари 1985 — 7 јуни 2008), кој погинал во сообраќајна незгода.

Со другата сопруга Ирина Аљтоневна Домогарова во 1989 година, добил син Александр Александрович Домогаров, кој и ден денес се занимава со глума.
По завршувањето на вториот брак, Александар се оженил со Наталија Валеревна Громушкин, која исто така се занимава со глума.Четвртата сопруга му била Марина Андрејевна Александровна, Народна глумица на Русија, со која Александар бил во брак во периодот од 2005—2007 година.

Театарски улоги

Театар на руска армија

  • Дама со Камелии — Арман Дивал
  • Дрвјата умираат стоејќи — директор
  • Макабет — Макбуф
  • На умирачкото место — Миливидов
  • Моја професија — Викторио
  • Павел I — Александар

Театар Багатела

  • Макбет — Магбет од Шкотска

Отворен московски театар

  • Машка сезона — Арсениј

Театар Мосовета

  • Мојот сиромашен Марат — Марат
  • Скитници во бегство — Димитрие
  • Тој приде — Џералд Крофт
  • Добар другар — Жорж
  • Сирано де Бержерак — Сирано де Бержерак
  • Чудна приказна на докторот Џекил и господинот Хајд — доктор Џекил
  • Вујко Вања — Миахил Астров
  • Трите сестри — Александар Игњатијевиќ
  • Вишњевиот гај — Леондид Андрејевиќ Гаев

Филмографија

ГодинаФилмУлогаНапомена
1984НаследствоСлава
1985Голема неволјаАнтон
1986Михаил ЛомоносовАлександар Сумароковмини серија
1987АссаАлександар I Павлович
1988Мојот сопруг и ќерка ми Тамараученик Феди
1989Посета на дамаКовитв филм
1990Направи еднашГоша
1991Крв за крвБубус
1992Пирати IIIПавел Горин
1993Ако сакаш да знаешВасили Солени, офоцир
1993Одмазда на шверцер
1994Крст на милосрдиеАндрејтв серија
1996-97Кралица МаргоБусиТВ серија
1997Грофица Монсоро Буситв серија
1996Бел танцНикита, успешен стопанственик
1999Со оган и мечЈурко Бохун
1999Na koniec swiataВиктор
2000DykarenВиктор
2000Игра на летењеНиколај
2000Царство на ударГеоргије Гапонтв серија
2000-01Гангстери на ПетербургАндреј Серегинмини серија
2001Турски маршАлександар Турескитв филм
2002Јас сум куклаВиктор
2003Зошто имаш алиби?Игортв филм
2003ИдиотиЕвегеније Радмоскитв серија
2004Uzkiy mostГладијевмини серија
2004Меден месецАндрејмини серија
2004-05 Криминален бран Сергеј – шефот на мафијатв серија
2005Tyomny Instinctтв серија
2005Губиток на СонцетоАнтонмини серија
2005Жена нобеловецОлег Ермарковтв серија
2005Звезда на епохаКонстантин Симонов, песникмини серија
2006СатисфакцијаАлександар Шуленинмини серија
2006Горфот на Црна ГораМихаил Милорадовиќ, гроф
2006Вукодав од родот Сив ПесВарварин Људодјеј
2007ИндиАрсени
2007СјајМиша Клименко
2008Бела ноќ, слатка ноќстопанственик Павел Власов
2009ЦарАлексеј Басманов
2009Ако тоа е нашата судбинаАлександар Власов, познат уметниктв серија
2010Легенда за летечкиот КипранВалент
2010Постарија сопругаМакс
2011На сончевата страна на улицатаЈуриј Кондрачевиќтв серија
2011ДостојевскиАлександар Исајевмини серија
2011Варшавска војнаКрушкин
2011Тајните на револуционарот на палататаЛинартв серија
2012ЗоннентауХаралд Сомерсеттв серија
2012Марина рошаТрошинтв серија
2012Лицето на другиотСтавинскитв серија
2012-13Крв за крвАнтонтв серија
2013Викендсавршени Иван
2013Убиј го СталинИван БережнајаMini-series
2014Марина роша 2Трошинтв серија
2015Пенсилванија
2017Голем

Наводи

Надворешни врски