Алан Рикман

Алан Рикман (англиски: Alan Rickman; 21 февруари 1946 - 14 јануари 2016)[1] — англиски глумец и режисер.

Алан Рикман
Роден21 февруари 1946( 1946-02-21)
Хамерсмит, Лондон, Обединето Кралство
Починал14 јануари 2016(2016-01-14) (возр. 69)
Англија, Обединето Кралство
Занимањеглумец, редител

Во 1985 година во театарската претстава Опасни врски ја играл улогата на виконтот од Валмонт, а откако претставата почнала да се прикажува во лондонскиот театар Вест Енд во 1986 година и на Бродвејскиот театар во 1987 година, Алан бил номиниран за наградата Тони за најдобар глумец во претстава.

Прва филмска улога на Рикман била улогата на германскиот терористички водач Ханс Грубер во „Умри машки“ (1988). Потоа го глумел шерифот од Нотингем во Робин Худ: Принцот на крадците (1991), а за улогата ја освоил наградата на БАФТА за најдобар глумец во споредна улога. Тој добил пофалби од критичарите за главните улоги во Вистински, лудо, длабоко (анг:Truly, Madly, Deeply; 1991) и Ужасно голема авантура (анг:An Awfully Big Adventure; 1995), а потоа добил признание и за неговите споредни улоги како полковник Брендон во Разум и чувства (1995) и Ејмон де Валера во Мајкл Колинс (1996). Тој, исто така, го привлекол вниманието со неговите комични улоги во Догма (1999), Галактичка мисија (анг: Galaxy Quest; 1999) и Автостоперски водич низ галаксијата (2005). Го глумел Северус Снејп во серијата за Хари Потер (2001-2011), а во меѓувреме се појавил и во Љубов, всушност (2003), Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит (2007) и Алиса во земјата на чудата (2010 година). Негови последни филмски улоги биле во CBGB (2013), Eye in the Sky (2015) и Алиса низ огледалото (2016).

На телевизискиот екран, Алан Рикман дебитирал со улогата на Тибалт во Ромео и Јулија (1978) како дел од Шекспировата серијата на Би-Би-Си. Се пробил со улогата на Обадија Слоуп во адаптацијата на БиБиСи на „Барчестерски хроники“ (1982). Подоцна глумел и во други ТВ филмови: во улогата на Григориј Распутин во Распутин: Мрачниот слуга на судбината (1996), за која добил награда ЕМИ за ударен термин и во улогата на Алфред Блалок во „Нешто што создал Господ“ (анг: Something the Lord Made; 2004).

Добитник е на бројни престижни признанија, меѓу кои се и Златниот глобус, БАФТА и Еми, а има и две номинации за наградата Тони. Во 2009 година, Гардијан именувал како еден од најдобрите глумци кои не биле номинирани за Оскар.[2] Алан Рикман починал од рак на панкреасот на 14 јануари 2016 година на 69-годишна возраст.[3][4]

Наводи