Аеродром Логоварди

Аеродром Логовардиаеродром сместен 9 км од градот Битола. Почнал да работи во 1935 г. како цивилен аеродром, а денес е наменет за спортско-рекреативни летови.

Аеродром Логоварди
Logovardi Airport
Пистата со хангарите на леталиштето Логоварди
Општо
Аеродромски видСпортски
Сопственик/ОператорВлада на Република Македонија
Служи заБитола, Македонија
МестоположбаЛоговарди
Надм. височина1,950 ст / 594 м
Координати41°01′24.76″N 021°25′32.10″E / 41.0235444° СГШ; 21.4255833° ИГД / 41.0235444; 21.4255833
Писта
ПравецДолжинаПовршина
стм
17R/35L1.000305бетон
17L/35R3.9371.200трева
Хангарите на леталиштето Логоварди

Статус

Логоварди е активен аеродром со постојана површина, но со минилмани објекти потребни за A, B или C аеродроми[1]

Услуги

На 23 јули 2007 г. Битола беше зафатена од шумски пожари. Аеродромот Логоварди беше користен како база на авионите кои помагаа за гасење на пожарот.

Аеродромот го користи и аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола, кој е домаќин на аеромитинг кој се одржува во мај секоја година. Аеромитингот беше голем спектакл во 70-тите and 80-тите, но сето тоа се намали по распадот на Југославија. За првпат по 20 години, на 24 мај 2008, аеродромот беше искористен за повторно собирање на воздужопловните ентузијасти од Македонија. Според официјалната вебстрана на општина Битола, аеромитингот повторно ќе биде годишна традиција.[2]

Историја

Во 1935 г. „Аеропут“ ја отворил авиолинијата Белград-Ниш-Битола летајќи со патничкиот авион Spartan Cruiser II.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Меѓународни аеродроми во Република Македонија
Охридски аеродром | Скопски Аеродром