Адам Гнезда Черин

Адам Гнезда Черин (роден на 16 јули 1999 година, во Постојна) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Панатинаикос и на словенечката репрезентација.

Адам Гнезда Черин
Лични податоци
Роден на16 јули 1999(1999-07-16)(24 г.)[1]
Роден воПостојна, Словенија[1]
ДржаваСловенија Словенија
Висина&100000000000001800000001,80 м[1]
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубПанатинаикос Панатинаикос
Број16
Младинска кариера
Браво Браво
Домжале Домжале
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2017-2019Домжале Домжале53(8)
2019-2022Нирнберг Нирнберг5(0)
2020-2022Риека Риека58(3)
2022-Панатинаикос Панатинаикос60(4)
Репрезентација
2015-2016Словенија Словенија 175(1)
2017Словенија Словенија 193(1)
2018-2021Словенија Словенија 2112(0)
2020-Словенија Словенија33(4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2012

Клупска кариера

Гнезда Черин ја започнал кариерата во екипата на Домжале. После две години, во кои запишал 65 натпревари и 10 голови за Домжале, тој ја напуштил татковината и потпишал за германскиот клуб Нирнберг. Своето деби во Втората Бундеслига го направил на 21 септември 2019, влегувајќи од клупата на местото на Хано Беренс, во ремито 1-1 на домашен терен против Карлсруе. Поради слабата минутажа во Нирнберг, забележувајќи само 5 настапи во текот на сезоната 2019-2020, тој заминал на двегодишенна позајмица во хрватската Риека каде одиграл 73 натпревари и постигнал 3 гола.

На 2 јули 2022 година, Панатинаикос го купил Гнезда Черин од Нирнберг за €700,000, а играчот се согласил да потпише четиригодишен договор.[2] Дебитирал за атинскиот гигант на 4 август 2022, во поразот со 2-0 од Славија Прага во третото квалификациско коло од УЕФА Лигата на конференции. Своето деби во грчкото првенство го направил на 21 август 2022, во победата со 1-0 на домашен терен над Јоникос. Својот прв гол во дресот на Панатинаикос го постигнал на 29 октомври 2022, во победата со 5-1 на гостувањето кај Волос.

Репрезентативна кариера

Откако настапувал за младите словенечки селекции под 17 и под 19 години, на 11 септември 2018 година, тој го направил своето деби за словенечката репрезентација под 21 година во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2019, во кој го победиле Казахстан со 2-1.[3]

За сениорската репрезентација дебитирал на 11 ноември 2020 година, во пријателски натпревар против Азербејџан кој завршил 0-0. Својот прв репрезентативен гол го постигнал на 14 ноември 2021 година, во победата со 2-1 против Кипар, во натпревар од квалификациите за Светско првенство 2022.

Во јуни 2024, бил избран во списокот од 26 играчи кој ја претставувале Словенија на Европското првенство 2024 во Германија.[4] Тој играл од почеток до крај во сите четири натпревари на својата земја, која германската авантура ја завршила во осминафиналето по поразот на пенали од Португалија во Франкфурт, откако по 120 минути игра немало постигнат гол (0-0).[5]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Словенија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
11-11-2020ЉубљанаСловенија 0 – 0  АзербејџанПријателска-  45'
1-9-2021ЉубљанаСловенија 1 – 1  АзербејџанКвал. за СП 2022-  70' 90'
4-9-2021ЉубљанаСловенија 1 – 0  МалтаКвал. за СП 2022-
7-9-2021СплитХрватска 3 – 0  СловенијаКвал. за СП 2022-
8-10-2021Та КалиМалта 0 – 4  СловенијаКвал. за СП 2022-
11-10-2021ЉубљанаСловенија 1 – 2  РусијаКвал. за СП 2022- 27'  87'
14-11-2021ЉубљанаСловенија 2 – 1  КипарКвал. за СП 20221
26-3-2022Ал РајанХрватска 1 – 1  СловенијаПријателска-  63'
29-3-2022ДохаКатар 0 – 0  СловенијаПријателска-  45'
2-6-2022ЉубљанаСловенија 0 – 2  ШведскаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
5-6-2022БелградСрбија 4 – 1  СловенијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  63'
9-6-2022ОслоНорвешка 0 – 0  СловенијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
12-6-2022ЉубљанаСловенија 2 – 2  СрбијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза1 47'
24-9-2022ЉубљанаСловенија 2 – 1  НорвешкаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
27-9-2022СолнаШведска 1 – 1  СловенијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза- 90'
17-11-2022Клуж-НапокаРоманија 1 – 2  СловенијаПријателска-
20-11-2022ЉубљанаСловенија 1 – 0  Црна ГораПријателска- 27'
23-3-2023АстанаКазахстан 1 – 2  СловенијаКвал. за Евро 2024-
26-3-2023ЉубљанаСловенија 2 – 0  Сан МариноКвал. за Евро 2024-
16-6-2023ХелсинкиФинска 2 – 0  СловенијаКвал. за Евро 2024-
19-6-2023ЉубљанаСловенија 1 – 1  ДанскаКвал. за Евро 2024-
7-9-2023ЉубљанаСловенија 4 – 2  Северна ИрскаКвал. за Евро 2024-
10-9-2023СеравалеСан Марино 0 – 4  СловенијаКвал. за Евро 2024-
14-10-2023ЉубљанаСловенија 3 – 0  ФинскаКвал. за Евро 2024-
17-10-2023БелфастСеверна Ирска 0 – 1  СловенијаКвал. за Евро 20241
17-11-2023КопенхагенДанска 2 – 1  СловенијаКвал. за Евро 2024-
20-11-2023ЉубљанаСловенија 2 – 1  КазахстанКвал. за Евро 2024-
21-3-2024Та КалиМалта 2 – 2  СловенијаПријателска-  62'
26-3-2024ЉубљанаСловенија 2 – 0  ПортугалијаПријателска1
4-6-2024ЉубљанаСловенија 2 – 1  ЕрменијаПријателска-
8-6-2024ЉубљанаСловенија 1 – 1  БугаријаПријателска-  82'
15-6-2024ШтутгартСловенија 1 – 1  ДанскаЕвро 2024 - Прва фаза-
20-6-2024МинхенСловенија 1 – 1  СрбијаЕвро 2024 - Прва фаза-
25-6-2024КелнАнглија 0 – 0  СловенијаЕвро 2024 - Прва фаза-
1-7-2024Франкфурт на МајнаПортугалија 0 – 0 прод.
(3 – 0 пен.)
 СловенијаЕвро 2024 - Осминафинале-
ВкупноНастапи35Голови4

Статистика

Клупска статистика

Статитиката е ажурирана на 21 мај 2022.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2017-2018 Домжале1.СНЛ110КС00ЛЕ2[6]0---130
2018-20191.СНЛ357КС21ЛЕ4[6]0---418
јул.-сеп. 20191.СНЛ70---ЛЕ4[6]1[6]---111
Вкупно Домжале53721101--659
сеп. 2019-2020 Нирнберг50---------50
2020-2021 Риека1.ХНЛ281КХ30ЛЕ5[7]0---361
2021-20221.ХНЛ302КХ30ЛК4[6]0---372
Вкупно Риека5836090--733
2022-2023 ПанатинаикосСЛ341КГ43ЛК2[6]0---404
2023-2024СЛ263КГ40ЛШ+ЛЕ4[6]+60---403
Вкупно Панатинаикос60483120--807
Вкупно во кариерата17614164311--22319

Титули

Клупски

Панатинаикос

  • Куп на Грција: 1
2023-2024

Наводи

Надворешни врски