Австралиска Антарктичка Територија

Австралиска Антарктичката Територија (ААТ) — дел од Источен Антарктик управуван од Австралиската антарктичка дивизија, агенција на федералниот Оддел за земјоделство, вода и животна средина. Во 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Ендербиевата Земја за своја територија, која потоа била проширена и во 1933 година била пренесена во владение на Австралија. Ова е најголемата територија на Антарктикот која некоја нација ја поседува. Во 1961 година стапил на сила Антарктичкиот договор. Членот 4 се однесува на територијални претензии, кој иако не ги одзема или намалува поранешните тврдења за суверенитет, тој исто така не ја нарушува позицијата на договорните страни во нивното признавање или непризнавање на територијалниот суверенитет. Како резултат на тоа, само четири други земји - Нов Зеланд, Обединетото Кралство, Франција и Норвешка - го признаваат барањето на Австралија за суверенитет на Антарктикот.[1]

Австралиска Антарктичка Територија
Australian Antarctic Territory
Знаме на Австралиска Антарктичка Територија
Знаме
Карта на Антарктикот која ги покажува Австралиските територијални претензии(црвеното подрачје)
Карта на Антарктикот која ги покажува Австралиските територијални претензии(црвеното подрачје)
Суверена државаАвстралија
Прогласена за Британска територија1841
Пренос на владение на Австралија1933
Главна базаСтаница Дејвис
68°34′36″S 77°58′03″E / 68.576667° ЈГШ; 77.9675° ИГД / -68.576667; 77.9675
Службени јазициАнглиски
УправаЗависност под уставна монархија
• Монарх
Елизабета II
• Генерален гувернер
Дејвид Харли
• Австралиски гувернер министер
Сузан Леј
• Главен научен советник
Гвен Фентон
Површина
• Вкупна
5,896,500 км2
Население
• Проценка
помалку од 1,000
ВалутаАвстралиски долар (AUD)
Повик. бр.+672 1x
НДД

Површина

Австралиска Антарктичката Територија ги опфаќа сите острови и територијата јужно од 60°S и помеѓу 44°38'E и 160°E, без Аделина земја (136°E до 142°E), која ја дели оваа територија на западна AAT (поголемиот дел) и источна ААТ.[2] На запад се граничи со Земјата на кралицата Мод, а на исток со Росова Зависност. Австралиска Антарктичката Територија е најголема територија на континентот и зафаќа скоро 5,9 милиони квадратни километри,[3] што е околу 42% од Антарктикот.[4]

Територијата е претежно населена со работниците во истражувачките станици. Австралиската антарктичка дивизија управува со областа преку одржување на тригодишни станици - Мосон, Дејвис и Кејси - во кои се изведуваат различни истражувачки проекти.[5]

Административни единици

Карта на области на австралиската антарктичка територија
  Enderby Land
  Кемпова Земја
  Мак. Робертсонова Земја
  Земја на Принцезата Елизабета
  Земја на Вилхелм II
  Земја на Кралицата Марија
  Вилксова Земја (ги покажува помалите единици)
  Земја на Џорџ V
  Оутсова Земја

Територијата е поделена на девет области (од запад кон исток):[6]

бр.округПовршина (км 2 )Западна границаИсточна граница
1Ендербиева Земја044°38' E056°25' E
2Кемпова Земја056°25' E059°34' E
3Мак. Робертсонова Земја059°34' E072°35' E
4Земја на Принцезата Елизабета072°35' E087°43' E
5Земја на Вилхелм II087°43' E091°54' E
6Земја на Кралицата Марија091°54' E100°30' E
7Вилксова Земја2.600.000100°30' E136°11' E
8Земја на Џорџ V142°02' E153°45' E
9Оутсова Земја153°45' E160°00' E

Овие региони географски се поделени на две посебни области, при што Земјата на Џорџ V и Оутсовата Земја се наоѓаат на исток од прогласената француска територија Аделина Ленд, а сите други области се наоѓаат на запад.

Ексклузивна економска зона

Австралија полага право на ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) од австралиската антарктичка територија. Но, австралиската ЕЕЗ на Антарктикот е оспорена. Според член IV од Антарктичкиот договор од 1959 година (кој забранува нови територијални претензии или проширување на постоечките териториски права на Антарктикот) не може да се полага право на ЕЕЗ за територија која е прседмет на тој договор (јужно од 60°S). Со одредбите од Конвенцијата на Обединетите нации за морското право (UNCLOS) ексклузивната економска зона на крајбрежна држава се дефинира до 200 наутички милји (370 км) од основната линија од која се мери територијалното море.[7]

Лов на китови

Законот против ловење китови донесен од Австралиската влада се однесува на австралиските територијални води. Сепак, претензиите на Австралија за суверенитет над австралиската антарктичка територија - а со тоа и суверенитет над територијалните води на Австралискиот Антарктик - ги признаваат само Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Франција и Норвешка.[8]

Станици

Станица Дејвис

Активни и затворени станици на територијата, од Запад кон Исток:

СтаницаСтатусДржаваМестоОбласт
МладјожнајаСезонска  Русија67°40′S 45°51′E / 67.667° ЈГШ; 45.850° ИГД / -67.667; 45.850Eндербиева Земја
МосонПостојана  Австралија67°36′09.7″S 62°52′25.7″E / 67.602694° ЈГШ; 62.873806° ИГД / -67.602694; 62.873806Мак Робертсонова Земја (Мосонов брег)
СојузЗатворена  Русија70°35′S 68°47′E / 70.583° ЈГШ; 68.783° ИГД / -70.583; 68.783Мак Робертсонова Земја (Земја на Ларс Кристенсен)
ДружнајаЗатворена  Русија69°44′S 72°42′E / 69.733° ЈГШ; 72.700° ИГД / -69.733; 72.700Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
БхаратиПостојана  Индија69°24′S 76°11′E / 69.400° ЈГШ; 76.183° ИГД / -69.400; 76.183Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
ЏунгшанПостојана  Кина69°22′S 76°22′E / 69.367° ЈГШ; 76.367° ИГД / -69.367; 76.367Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Лав РаковицаСезонска  Романија69°23′18.6″S 76°22′46.2″E / 69.388500° ЈГШ; 76.379500° ИГД / -69.388500; 76.379500Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Станица ПрогресПостојана  Русија69°23′S 76°23′E / 69.383° ЈГШ; 76.383° ИГД / -69.383; 76.383Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
ДејвисПостојана  Австралија68°34′35.8″S 77°58′02.6″E / 68.576611° ЈГШ; 77.967389° ИГД / -68.576611; 77.967389Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
СоветскајаЗатворена  Русија77°58′S 89°16′E / 77.967° ЈГШ; 89.267° ИГД / -77.967; 89.267Земја на Вилхелм II
Мирни СтаницаПостојана  Русија66°33′S 93°01′E / 66.550° ЈГШ; 93.017° ИГД / -66.550; 93.017Земја на Кралицата Марија
КосмополскајаЗатворена  Русија74°05′S 97°29′E / 74.083° ЈГШ; 97.483° ИГД / -74.083; 97.483Земја на Кралицата Марија
ВостокПостојана  Русија78°28′S 106°48′E / 78.467° ЈГШ; 106.800° ИГД / -78.467; 106.800Вилксова Земја (Ноксова Земја)
Вилкс СтаницаЗатворена  Австралија66°15′25.6″S 110°31′32.2″E / 66.257111° ЈГШ; 110.525611° ИГД / -66.257111; 110.525611Вилксова Земја (Бадова Земја)
КејсиПостојана  Австралија66°16′54.5″S 110°31′39.4″E / 66.281806° ЈГШ; 110.527611° ИГД / -66.281806; 110.527611Вилксова Земја (Бадова Земја)
Конкордија станица

(Дом Ц)
Постојана  Франција

 Italy
75°06′S 123°23′E / 75.100° ЈГШ; 123.383° ИГД / -75.100; 123.383Вилксова Земја (Банзарева Земја)
ЛенинградскајаЗатворена  Русија69°30′S 159°23′E / 69.500° ЈГШ; 159.383° ИГД / -69.500; 159.383Оутсова Земја

Историја

На 9 јануари 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Викториината Земја за своја територија, а потоа во 1930 и Ендербиевата Земја. Во 1933 година, најголемиот дел од територијата јужно од 60°S и помеѓу 160° и 45° источен меридијан се дал во владение на Австралија.

Делот од владението на Неговото Височество во Антарктичките мориња што ги опфаќа сите острови и територии освен Аделината Земја, кои се наоѓаат јужно од 60-тиот степен на Јужна географска широчина и лежат помеѓу 160-от степен од источната географска должина и 45-от степен од источната географска должина, со ова се става под надлежност на Комонвелтот на Австралија.[9]

Закон за прифаќање на австралиската антарктичка територија од 1933 годинаДелот од територијата во антарктичките мориња кој се состои од сите острови и територии, освен Аделината Земја, сместени јужно од 60-тиот степен јужна географска ширина и кои се наоѓаат помеѓу 160-тиот степен источна географска должина и 45-тиот степен источна географска должина, со ова се прогласува за прифатен од Комонвелтот како Територија под власт на Комонвелтот, под името Австралиска Антарктичка Територија.

Границите со Аделината Земја биле маркирани во 1938 година. Во 1947 година, Британија ги придодала и островот Херд и Мекдоналд островите кон ААТ. На 13 февруари 1954 година,[10] била основана првата австралиска станица на континентот - Мосон.

Признавање на австралискиот суверенитет

Австралискиот суверенитет над Австралиска Антарктичката Територија е признат од Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Франција и Норвешка.[11] Јапонија не го признава австралиското право врз Австралиските антарктички територијални води во кои јапонските бродови ловат китови.

Рударство на Антарктикот

Во текот на 1980-тите имало кратка дебата во Австралија за тоа дали да се дозволи рударството на континентот богат со минерали.[12] Дадени биле неколку предлози за рударство и сите се отфрлени.[13]

Глобалниот договор за забрана на експлоатација на ресурси ќе биде ревидиран во 2041 година,[14] и некои држави ќе може да одлучат да се повлечат од него ако се земат предвид минералните наоѓалишта на континентот. Таму има јаглен, манган, железо и ураниум, додека проценетите нафтени резерви Антарктикот се меѓу најголемите во светот по Саудиска Арабија и Венецуела.

Поштенски марки

Поштенска марка од 1959 година со која се одбележува отворањето на поштата Вилкс

Австралија издава поштенски марки за Австралиска Антарктичката Територија. Првите марки се појавиле во 1957 година, а потоа повремени се издавале до 1990-тите. Тематиката на марките е Антарктикот и важат за поштенски услиги во Австралија и нејзините територии, заедно со Антарктикот.

Телефонски повикувачки броеви

На ААТ доделен е повикувачкиот број +672 1[0-4] XXXX. Подрачните броеви се 10 за Дејвис, 11 за Мосон, 12 за Кејси, 13 за Остров Мекквари и 14 за Вилкинс и Аурора Аустралис, по кои секогаш следуваат четири цифри.

Население

До мај 2018 година ААТ имала население од околу 80 луѓе во текот на зимата и 200 во текот на летото.[15]

Поврзано

  • Австралиски систем за градење на Антарктикот

Наводи

Надворешни врски

75°00′S 102°30′E / 75.000° ЈГШ; 102.500° ИГД / -75.000; 102.500