Авдела

село во Гребенско, Егејска Македонија

Абдела или Авдела — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција[2]. Познато е како родно место на браќата Манаки.

Абдела
Αβδέλλα
Панорама на Абдела
Панорама на Абдела
Абдела is located in Грција
Абдела
Абдела
Местоположба во областа
Авдела во рамките на Гребен (општина)
Авдела
Местоположба на Авдела во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°01′N 21°08′E / 40.017° СГШ; 21.133° ИГД / 40.017; 21.133
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најг. вис.&100000000000013500000001.350 м
Најм. вис.&100000000000012500000001.250 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.280
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.510 32
Повик. бр.24620
Рег. таб.ΡΝ

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 40 километри југозападно од градот Гребен на 1.300 м надморска височина на планината Пинд. Во близина е границата на националниот парк „Пинд“.[2]

Историја

Панорама на селото Авдела. 1898. Фотографија на браќа Манаки (оштетена плоча)

За време на Османлиското Царство

Пред 1800 година селотое припаѓа на месноста Фадинес, но се преместува на денешното место, кое има подобра клима.[2] Населението претежно се состои од големи семејства на влашки овчари.[2] Селаните имале одредена автономија , но тие привилегии се изгубени во времето на Али-паша Јанински.[2]

Пред 1880 година Апостол Маргарит во Абдела отвора романско училиште.[3] Според други извори училиштето е отворено уште во 1867 година.[2][4]

Во 1900 година според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Абдела (Авела) има 1 500 жители-Власи.[5] Според грчката статистика од 1904 година во Абдела живеат 1.700 влахофони, од кои 400 се Романци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Авдела се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 241 куќа.[7]

Поради силното влијание на романската пропаганда во текот на месец октомври 1905 година Абдела е нападната од грчка андартска чета[2] при што селото е срамнето со земја, биле изгорени 133 куќи, 8 дуќани, црквата и училиштето.[8][9] Во текот на месец мај 1906 година 60 семејства, се преселуваат од Гребен во Абдела под заштита на турската војска, но биле нападнати од грчки андарти, при што биле убиени 4 Власи и 10 Турци.[10]

Црквата на сретсело „Успение Богородично“ кој изгорела во 1905 година, одново е изградена во 1955 година.[11]

Грчка окупација

За време на Балканската војна во 1912 година в селото влегуваат грчки војски и за време на Втората балканска војна во 1913 година Абдела останува дел на Грција.

На 14 јуни 1944 година селото е запалено од страна ан германските војски.[2]

На сретсело се наоѓа споменик на Браќата Манаки кои се родени во ова село.[2]

Стопанство

Населението во селото претежно се занимавало со сточарство и сточарски производи.

Демографија

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население424624360130448280
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Споменик на браќата Манаки во Авдела
  • Браќа Манаки - првите сниматели на Балканот,
  • Неофит II Сисаниски, Сисаниски митрополит од 1792 до 1811 година,
  • Јеромонасите Аверкиј (1806 - ?), Димитрие Абелјану (? - 1933), Константин Кајрети, Николае Папахаџи (? - 1931), Перикле Чивика и Апостол Маргарит (1832 - 1903)

Наводи

Надворешни врски