Абдикација
(Пренасочено од Абдицирање)
Абдикација (лат. abdicatio = одрекување, одбивање; од ab - од далеку, и dicare, да изјави, да прогласи како да не му припаѓа) — чин на откажување и истапување од официјална служба, особено од врховна служба во државата.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/34/Bouchot_-_Napol%C3%A9on_signe_son_abdication_%C3%A0_Fontainebleau_11_avril_1814.jpg/220px-Bouchot_-_Napol%C3%A9on_signe_son_abdication_%C3%A0_Fontainebleau_11_avril_1814.jpg)
Во римското право поимот исто така се применува за откажување од член на семејството, на пример откажување наследство на синот. Терминот обично се применува за монарси или оние кои официјално се крунисани.
Денес соодветниот израз за избрана или именувана функција е официјална оставка.
Познати абдицирања
- 305 — Диоклецијан
- 1196 — Стефан Немања
- 1399 — Ричард II
- 1444 — Мурат II
- 1556 — Карло V, (цар на Светото Римско Царство)
- 1567 — Марија I Шкотска
- 1654 — Кристина Шведска
- 1724 — Филип V Шпански
- 1759 — Карло VII Неаполски
- 1806 — Франц II, (цар на Светото Римско Царство)
- 1808 — Карло IV Шпански
- 1814 — Наполеон Бонапарт
- 1815 — Наполеон Бонапарт
- 1830 — Карло X Француски
- 1858 — Александар Караѓорѓевиќ[1]
- 1870 — Изабела II Шпанска
- 1873 — Амадеус I Шпански
- 1893 — Лилиуокалани
- 1917 — Николај II, последниот цар на Русија
- 1936 — Едвард VIII
- 2024-Маргарета II
Наводи
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајЕвропско првенство во фудбал 2024Весна ЈаневскаВладо МисајловскиКарлес ПуџдемонЗоран ЉутковСтефан АндоновскиМакедонијаТимчо МуцунскиМасакр во ВаташаСписок на змии во МакедонијаОче нашДуховденВтора светска војнаСкопјеГоран МинчевДржавни празници во МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаЗмијаКатегорија:Статии за средувањеЃорѓи МарјановиќЦар СамоилМакедонски парламентарни избори (2024)Плимна силаПоскокМРТ 1Свети Кирил и МетодијПоштенски броеви во МакедонијаМочуриштеАнтичка МакедонијаКурбан бајрамПовикувачки броеви во МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБорко РистовскиАлександар III МакедонскиСловачкаЗадушницаАвтомобилски регистарски таблички во Македонија