Џеј Хиндли

австралиски велосипедист

Џеј Хиндли (англиски: Jai Hindley; р. 5 мај 1996 во Перт) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Џеј Хиндли
Лични податоци
Цело имеЏеј Хиндли
Роден5 мај 1996(1996-05-05)(28 г.)
Перт, Австралија Австралија
Висина1,75 м
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2016
2017
2018-2021
2022-
Атаке Тим Густо
Мичелтон Скот
Тим Санвеб
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2022)
2 поединечни етапи (2020, 2022)
Последна промена
31 октомври 2022

Кариера

Откако се приклучил на екипата за сезоната 2018,[2] Хиндли го имал својот прв настап за Тим Санвеб на Волта ао Алгарве 2018. Во август 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[3] Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[4]

Хиндли добро ја започнал сезоната 2020 со победа на две етапи и генералниот пласман на Хералд Сан Тур во февруари.[5] Започнал да вози на Џиро д’Италија во октомври. Стигнал до третото место во генералниот пласман откако завршил трет на етапата 15.[6] Ја освоил етапата 18, која била сметана за „кралска етапа“ поминувајќи го превојот Стелвио. Стигнал до второто место во генералниот пласман по таа етапа и го презел водството во пласманот за млад возач.[7] Завршил втор зад Тео Гејган Харт на планинската дваесетта етапа изедначувајќи се со времето во генералниот пласман како Гејган Харт.[8] Последната етапа на Џиро бил хронометар во должина од 15,7 километри. Хиндли завршил со време од 39 секунди поспоро од Гејган Харт, што значело дека Хиндли го завршил Џиро на второто место во генералниот пласман.[9]

Хиндли се повлекол од Џиро д’Италија 2021 пред почетокот на етапата 14.[10] Во тој момент тој се наоѓал на 25. место со повеќе од 17 минути зад предводникот на трката.[11]

Хиндли се префрлил во екипата Бора-Хансгрое за сезоната 2022.[12] Рано во сезоната успеал да заврши меѓу првите пет на Тирено-Адријатико 2022. Два месеци подоцна ја освоил својата прва голема трка, Џиро д’Италија.[13] Хиндли возел силно во текот на првите две седмици на трката и ја освоил деветтата етапа, високопланинска етапа. Во текот на завршната трета седмица се задржал на второто место, само на неколку секунди зад Ричард Карапас. На претпоследната планинска етапа успеал да ги помине сите фаворити за генералниот пласман, вклучувајќи го Карапас, и извозел за водство во генералниот пласман со солидна разлика пред завршниот хронометар. По вторпат во својата кариера го возел завршниот хронометар на Џиро носејќи ја розовата маичка, но овојпат ја освоил трката. Тој бил прв Австралиец кој го освоил Џиро и само втор Австралиец што освоил некоја голема трка, по Кедел Еванс кој го освоил Тур де Франс.

Достигнувања

2013
Океански јуниорски друмски првенства
2. Друмска трка
10. Хронометар
2014
3. Океанско јуниорско друмско првенство
3. Национално јуниорско друмско првенство
2015
10. Океанско хронометарско првенство под 23 години
2016
1. ГП Каподарко
2. Краен пласман Ан Пост Рас
1. Пласман за млад возач
2. Тајвам КОМ Челинџ
5. Краен пласман Тур де л’Авенир
6. Флеш Арденес
2017
1. Краен пласман Тоскана-Тера ди Чиклисмо
1. Планински пласман
1. Етапа 1a (ТТТ)
1. Краен пласман Трка Фужу
1. Етапа 4
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Пласман за млад возач
2. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
3. Океанско друмско првенствп
3. Краен пласман Џиро Чиклистико д’Италија
1. Етапа 7
4. Краен пласман Тур Рон-Алп Изер
4. Гран Премио Индустри дел Мармо
9. Краен пласман Тур Алзас
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Гран Премио Палио дел Речото
2019
2. Краен пласман Трка околу Полска
2020
1. Краен пласман Хералд Сан Тур
1. Планински пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 18
2021
7. Краен пласман Трка околу Полска
2022
1. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 9
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
6. Класика Хаен
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
10. Краен пласман Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка20182019202020212022
Џиро352DNF1
Тур
Вуелта3210
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Етапни трки20182019202020212022
Париз-Ница18
Тирено-Адријатико135
Волта а Каталуња71НСОСО13
Трка околу Баскија
Тур де Романди
Критериум ди Дофине
Тур де СвисНСО

— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски