Џејмс Ворд-Проус

Џејмс Ворд-Проус (роден на 1 ноември 1994) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Саутхемптон и на англиската репрезентација.

Џејмс Ворд-Проус
Лични податоци
Полно имеЏејмс Мајкл Едвард Ворд-Проус[1]
Роден на1 ноември 1994(1994-11-01)(29 г.)[2]
Роден воПортсмут, Англија
ДржаваАнглија Англија
Висина&100000000000001730000001,73 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубСаутхемптон Саутхемптон
Број16
Младинска кариера
Саутхемптон Саутхемптон
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2011-Саутхемптон Саутхемптон215(21)
Репрезентација
2010-2011Англија Англија 177(1)
2012-2013Англија Англија 194(0)
2013-2014Англија Англија 207(1)
2013-2017Англија Англија 2131(6)
2017-Англија Англија2(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Животопис

Ворд-Проус е роден во Портсмут и е син на Џон Ворд-Проус,[3] адвокат од Фарлингтон.[4] Иако членовите на неговото семејство се навивачи на Портсмут,[3] тој им се приклучил на нивните соперници, Саутхемптон на возраст од осум години.[5]

Технички одлики

Првенствено игра како внатрешен играч од средниот ред или како десно крило.

Кариера

Клупска кариера

Џејмс Ворд-Проус се приклучил на академијата на Саутхемптон на возраст од осум години, а подоцна бил вклучен во секој натпревар на тимот под-18 години во сезоната 2010-2011 пред да стане редовен член во 2011 година.[2] Својот прв повик за сениорскиот тим Ворд-Проус го добил во октомври 2011 година, кога и го направил своето деби за првиот тим на Саутхемптон на возраст од само 16 години во натпревар од Лига купот против Кристал Палас.[6][7][8] Во својот втор старт за клубот, Ворд-Проус го постигнал првиот гол за Саутхемптон во победата со 2-1 над Ковентри Сити помагајќи му на својот тим да се пласира во четвртото коло на ФА Купот.[2][9][10] Откако светците обезбедиле промоција во Премиер лигата во мај 2012 година, Вард-Проус бил еден од четирите "младинци" на кој им бил понуден професионален договор, заедно со Џек Стивенс, Лук Шоу и Калум Чемберс.[11]

На 11 април, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата, отворајќи го резултатот од пенал во победата со 2-0 против Хал Сити.

Репрезентативна кариера

Ворд-Проус ја претставувал Англија на младинско ниво во репрезентациите под 17, под 19, под 20 и под 21 година.

Со репрезентацијата под 21 година во 2015 година, настапил на Европското првенство во Чешка, играјќи само во првиот натпревар од турнирот каде Англија била елиминирана уште во групната фаза.

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 12 мај 2019.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2011-2012 СаутхемптонФЛЧ00ФАКуп+ЛК1+11+0------21
2012-2013ПЛ150ФАКуп+ЛК1+30------190
2013-2014ПЛ340ФА Куп+ЛК3+20------390
2014-2015ПЛ251ФАКуп+ЛК3+20------301
2015-2016ПЛ332ФАКуп+ЛК1+20ЛЕ30---382
2016-2017PL304FACup+CdL2+50UEL60---434
2017-2018PL303FACup+CdL2+11+0------334
2018-2019PL267FACup+CdL2+10------297
2019-2020PL385FACup+CdL3+30------445
2020-2021PL40FACup+CdL0+10------50
Вкупно во кариерата2352239290--28324

Наводи

Надворешни врски