Џеси Лингард

Џеси Елис Лингард (роден на 15 декември 1992) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.

Англија Џеси Лингард
Лични податоци
Роден на15 декември 1992(1992-12-15)(31 г.)
Роден воВорингтон, Англија
Висина&100000000000001750000001,75 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубМанчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број14
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2012–Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед79(13)
2012-2013Лестер Сити Лестер Сити5(0)
2013-2014Бирмингем Сити Бирмингем Сити13(6)
2014Брајтон Брајтон15(3)
2015Дарби Каунти Дарби Каунти14(2)
Репрезентација
2008Англија Англија 173(0)
2013-2015Англија Англија 2111(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Кариера

Клубови

Лингард е роден во Ворингтон, Чешир,[1] и завршил средно школо на Бимонт академијата.[2] Тој напредувал се развивал во младинската школа на Манчестер Јунајтед и бил дел од тимот кој го освоил ФА Купот за млади во сезоната 2010-2011,[3] пред да го потпише првиот професионален договор во текот на летото на 2011 година.[4]

Во следните сезони три сезони Лингард поминал периоди на заем во Лестер Сити, Бирмингем Сити и Брајтон и Хоув Албион.

Во летото 2014 Лингард се вратил во Манчестер Јунајтед и бил дел од пред-сезонската турнеја на клубот. На 16 август 2014, го направил своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата 2014-2015 во поразот со 1-2 од Свонзи Сити на Олд Трафорд, во првиот натпревар на Луј ван Гал како менаџер. Лингард го започнал натпреварот како стартер, но бил заменет од Аднан Јанузај после само 24 минути игра поради повреда.[5]

Репрезентација

Лингард е поранешен репрезентативец на англиската репрезентација под 21 година. Својот прв повик го добил за пријателскиот натпревар против Шкотска на 13 август 2013 година, и го направил своето деби во второто полувреме како замена за Нејтан Редмонд во победата на Англија со 6-0.[1][6] Лингард ја претставувал својата репрезентација на УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 година во Чешка. Во вториот натпревар од групната фаза, Лингард влегол од клупата и го постигнал победничкиот гол во победата со 1-0 над Шведска.[7]

Надворешни врски

Наводи