Џесика Частејн

американска глумица

Џесика Мишел Частејн (родена на 24 март 1977 г.)[2][3] — американска глумица.

Џесика Частејн
Частејн на фестивалот во Торонто во 2015
Роден(а)Џесика Мишел Частејн
24 март 1977(1977-03-24)(47 г.)[1]
Сакраменто
Калифорнија
, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период2004–сè уште

Частејн ја започнала својата холивудска кариера со гостински улоги во неколку телевизиски серии, остварувајќи го своето филмско деби во драмата Џолин (2008). Во 2011 година, таа се здобила со светска популарност со улогите во филмовите Засолниште, Дрво на животот и Слугинки, а за нејзината изведба во Слугинки таа добила номинациии за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.

Частејн добила светско признание со улогата во акциониот трилер 00:30 – Тајна операција (2012), освојувајќи ја наградата на филмските критичари, како и Златниот глобус за најдобра глумица, а исто така била номинирана за Оскар за најдобра глумица. Таа исто така глумела во Интерстелар (2014), Најнасилна година (2014), за кој добила номинации за Златен глобус и за наградата на критичарите, и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Во 2012 година, таа била именувана од списанието Тајм на списокот „сто највлијателни луѓе во светот“.[4]

Ран живот

Частејн е родена во Сакраменто, Калифорнија. Нејзината мајка Џери Рене се занимава со веганство и е позната веганска готвачка. На нејзиниот извод на родени не е наведен нејзиниот татко. Таа била израсната од нејзината мајка и очув, Мајк Лерој Хасти, кој е пожарникар. Таа е многу блиска со нејзината баба Мерилин, која била нејзина придружба на доделувањето на оскарите во 2012 и 2013 година.[5][6][7]

Таа завршила на средното училиште Ел Камино во Сакраменто во 1995 година,[8][9] а потоа запишала политика на Универзитетот Сакраменто, каде била член на дебатниот тим.[10] Во 1998 година, таа ја добила улогата на јулија во драмата Ромео и јулија, која ја продуцирала компанијата TheatreWorks од Сан Франциско.[11] Таа добила стипендија од фондот на Робин Вилијамс за да се школува во њујоршката школа Juilliard School,[12][13] каде била член на одделот за глума. Таа била активен учесник во драмскиот оддел и играла во неколку театарски претстави и во студентски филмски проекти. Таа дипломирала во 2003 година.[14][15]

Личен живот

Частејн во Лондон во 2014

Честејн е разделена од нејзиниот биолошки татко и одбива да ги потврди различните вести за неговиот идентитет. Во интервју за Vogue во 2013 година, таа изјавила дека на нејзиниот извод на родени не фигурира нејзиниот татко и дека таа го смета нејзиниот очув Мајкл Хасти, за нејзин татко.[16]

Таа има две помлади сестри и два помлади браќа. Во 2014 година, таа открила дека нејзината вмешаност во непрофитната организација To Write Love on Her Arms била поттикната од самоубиството на една од нејзините сестри.[17]

Џастејн е феминистка[18] и веганка.[19] Од јуни 2015 година, таа живее во стан во Њујорк.[20][21]

Таа била во долга љубовна врска со режисерот Нед Бенсон пред да се разделат во 2010 година.[22] Од 2012 година, таа е во врска со италијанецот Џанлука Паси де Пропосуло кој е извршен директор на италијанскиот моден бренд Монклер.[23]

Филмографија

Филм

НасловГодинаУлогаБелешки
Џолин2008Џолин
Украдени животи2009Сали Ен
Западњак2010Мајката на ДаниелКраткометражен филм; исто така продуцент
Долг2010Рејчел Сингер (млада)
Засолниште2011Саманта
Кориолан2011Виргилија
Дрво на животот2011Г-ѓа О'Брајан
Слугинки2011Силија Фут
Салома2011СаломаДокументарен филм
Тексашки полиња на смртта2011Детектив Пем Стал
Мадагаскар 3: Најбараните во Европа2012Џија (глас)
Без закон2012Меги Бауфорд
Боја на времето2012Г-ѓа Вилијамс
00:30 – Тајна операција2012Маја
Мама2013Анабел
Исчезнувањето на Елеонор Ригби2013Елеонор РигбиКолективно име на три филма; Исто така продуцент
Госпоѓица јулија2014Госпоѓица јулија
Интерстелар2014Марфи Купер
Најнасилна година2014Ана Моралес
Единство2015РаскажувачДокументарен филм
Марсовец: Спасувачка мисија2015Мелиса Луис
Пурпурен врв2015леди Лусил Шарп
Ловецот2016Пост продукција
Сопругата на чуварот на животни2016Антонина ЖабинскаСе снима

Телевизија

НасловГодинаУлогаБелешки
Ургентен центар2004Дахила ТаслицЕпизода: „Forgive and Forget“
Вероника Марс2004Сара ВилијамсЕпизода: „The Girl Next Door“
Закон и ред: Судење пред порота2005–06Сигрун БоргЕпизоди: „41 Shots“, „Vigilante“, „Eros in the Upper Eighties“
Близу дома2006Кејси ВиртЕпизода: „The Rapist Next Door“
Доказ2006Лаура ГринЕпизода: „Pilot“
Црна брада2006Шарлоттелевизиска мини-серија
Патешественик2007Тана БлумЕпизода: „Friendly Skies“
Поаро2010Мери ДебенхамЕпизода: „Murder on the Orient Express“

Наводи

Надворешни врски