Џастин Нџинма

Џастин Гидеон Нџинма (роден на 15 ноември 2000 година, во Хамбург) — германски фудбалер, напаѓач на Вердер Бремен.

Џастин Нџинма
Лични податоци
Полно имеЏастин Гидеон Нџинма[1]
Роден на15 ноември 2000(2000-11-15)(23 г.)
Роден воХамбург, Германија
ДржаваГерманија Германија
Нигерија Нигерија
Висина&100000000000001790000001,79 м[1]
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубВердер Бремен Вердер Бремен
Број17
Младинска кариера
Холштајн Кил Холштајн Кил
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2019-2021Холштајн Кил II Холштајн Кил II11(4)
2021-2022Вердер Бремен II Вердер Бремен II18(14)
2022-Вердер Бремен Вердер Бремен3(2)
2022-2023Борусија Дортмунд II Борусија Дортмунд II51(18)
2022-2023Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд1(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Биографија

Нџинма е роден во Хамбург, Германија, но има нигеријско потекло.[2]

Клупска кариера

Својата кариера ја започнал во академијата на Холштајн Кил и одиграл десеттина натпревари за вториот тим во периодот од 2019 до 2021 година. Во летото 2021 година, тој потпишал за Вердер Бремен, приклучувајќи се на вториот тим на зелените во Регионалната лига. Откако дал 14 гола на 18 натпревари за Вердер Бремен II, на 6 јануари 2022, на инсистирање на тренерот Оле Вернер - кој го тренирал и претходно во Холштајн Кил - Нџинма потпишал професионален договор со Вердер.[3][4]

Веднаш по потпишувањето на договорот со Вердер, тој бил позајмен на Борусија Дортмунд II. Своето деби за вториот тим на Борусија Дортмунд го направил на 17 јануари 2022 во победата со 3–1 над Валдхоф Манхајм.[5] Во првата сезона тој постигнал 5 гола на 17 натпревари во 3. лига. Следната сезона, во истата лига тој одиграл 34 натпревари и постигнал 13 гола за Борусија Дортмунд II. Добрата форма му донела и деби за првиот тим на милионерите во Бундеслигата, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Салих Езкан во поразот со 3-0 на гостувањето кај РБ Лајпциг.

Во летото 2023 година, Нџинма се вратил во Вердер, приклучувајќи се на првиот тим со дресот со број 17. Своето деби го направил на 2 септември 2023, во натпреварот на домашен терен против Мајнц во Бундеслигата, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Давид Ковнацки во 76-тата минута. Само седум минути по влегувањето во игра, тој го постигнал својот прв погодок за првиот тим на Вердер, оформувајќи го конечниот резултат 4-0 за зелените.[6] Интересно е тоа што само една минута пред да го постигне голот, Нџинма забележал и асистенција за третиот гол на Вердер кој го реализирал Леонардо Битенкурт.[6] На 23 септември 2023, Нџинма уште еднаш влегол во игра од клупата за резерви за многу брзо повторно да стане херој откако само една минута по влегувањето го постигнал победничкиот гол во победата над Келн со 2-1 на Везер.

Наводи

Надворешни врски