Јута

Јута (англиски: Utah) или официјално Држава Јута (State of Utah) е сојузна држава во западниот дел на САД. Јута е 45 држава која се приклучила на сојузот, односно Јута станала дел од САД на 4 јануари 1896 година. Државата е 13 по големина во САД, 34 по број на жители и 10 најслабо населена сојузна држава. Околу 80% од вкупно 2,817,222 жители на Јута живеат во регионот Васач Фронт, чиј центар е Солт Лејк Сити, кој воедно е и главен град на државата. Така, државата во најголем дел не е населена и населението е шесто најурбано во САД.[3] Јута се граничи со Аризона на југ, со Колорадо на исток, со Вајоминг на североисток, со Ајдахо на север и со Невада на запад. Исто така, Јута, има допирна точна со Ново Мексико.

Држава Јута
State of Utah
Знаме на Држава ЈутаПечат на Држава Јута
ЗнамеПечат
Прекар(и): Beehive State
Гесло: „Industry“ (Индустрија)
АлабамаАлјаскаАризонаАрканзасКалифорнијаКолорадоКонектикатДелаверФлоридаЏорџијаХаваиАјдахоИлиноисИндијанаАјоваКанзасКентакиЛуизијанаМејнМерилендМасачусетсМичигенМинесотаМисисипиМонтанаМисуриНебраскаНевадаЊу ХемпширЊу ЏерсиНово МексикоЊујоркСеверна КаролинаСеверна ДакотаОхајоОклахомаОрегонПенсилванијаРод АјлендЈужна КаролинаЈужна ДакотаТенесиТексасЈутаВермонтВирџинијаВашингтонЗападна ВирџинијаВисконсинВајоминг
Службен јазикАнглиски
Главен градСолт Лејк Сити
Најголем градСолт Лејк Сити
Површина 13. место
 - Вкупно219 887 км²
 - Широчина435 км
 - Должина565 км
 - % вода3,25
 - Гео. ширина109° 3′ W до 114° 3′ W
 - Гео. должина37° N до 42° N
Население 34. место
 - Вкупно2 233 169
 - Густина10,50/км² (41. место)
Надм. вис. 
 - Највисока точкаВрв Кингс[1]
4 126 м
 - Најниска точкаБивер Дем Вош[2]
664 м
Влез во сојузот 4 јануари 1896 (45)
ГувернерЏон Хантсмен, Џр. (Р)
СенаториОрин Хеч (Р)
Боб Бенет (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас{{{часовен појас}}}
КратенкиUT US-UT
Порталwww.utah.gov

Од религиска гледна точка, Јута е најхомогена држава во сојузот. Околу 60% од населението се членови на Црквата на Исус Христос на светците од последниот ден или познати како Мормони или Мормонска црква. Оваа црква има силно влијание врз културата и секојдневниот живот на Јута.[4][5]

Државата е центар за транспорт, информатичка технологија и истражување, владини сервиси, рударство и главно туристичко одредиште за туризам во природа. Според Бирото за попис на САД, Јута била најбрзо растечка сојузна држава во САД во 2008 година.[6] Сент Џорџ бил најбрзо растечки метрополски регион во САД во периодот од 2000 до 2005 година.[7]

Потекло на поимот

Името „Јута“ потекнува од името на племето Јути што значи „луѓе од планините“.[8] Прекарот на Јута е „Држава на пчелините кошници“.

Демографија

Бирото за попис на САД проценило дека населението на Јута во јули 2011 година било 2,817,222, што значи се зголемило за 1.93% од минатиот попис во 2010.[9] Голем дел од населението живее во поголемите градови во Васач Фронт, метрополски регион во близина на планините Васач. Исто така се забележил пораст на населението и надвор од овој урбан регион.

Според етничкото потекло на населението, Јута е составена од:[10]

  • 27.3% со англиско потекло
  • 12.3% со скандинавско потекло: (5.8% со данско, 4.1% со шведско и 2.4% со норвешко)
  • 12.1% со германско потекло
  • 9.0% со мексиканско потекло
  • 6.6% со американско потекло
  • 6.2% со ирско потекло
  • 4.6% со шкотско потекло
  • 2.2% со француско потекло
  • 2.2% со велшко потекло
  • 1.4% со шкотско-ирско потекло
  • 1.3% со швајцарско потекло

Политика

Како и останатите сојузни држави на САД, така и Јута, има извршна, законодавна и судска власт. Моментален гувернер на Јута е Гери Херберт,[11] кој ја презел функцијата на 11 август 2009 година. Гувернерот на Јута се избира за мандат од четири години. Законодавната власт на Јута е составена од Сенатот и Претставничкиот дом. Државните сенатори имаат мандат од четири години, додека претставниците мандат од две години. Врховниот суд на Јута е највисок суд во државата.

Административна поделба

Окрузите во Јута.

Јута е административно поделена на окрузи. Според административната поделба од 1918 година, државата има 29 окрузи.

Окрузи во Јута
округседиштегодина на основањенаселение (2010)% од вкупното населениеповршина% од вкупната површина
БиверБивер18566,1620.23 %2,592 ми (6,710 km2)3.05 %
Бокс ЕлдерБригам Сити185649,9751.79 %6,729 ми (17,430 km2)7.93 %
КешЛоган1856112,6564.12 %1,173 квадратна милјаs (3,040 km2)*1.38 %
КарбонПрајс189421,4030.71 %1,485 ми (3,850 km2)1.75 %
ДагетМанила19189380.03 %723 ми (1,870 km2)0.85 %
ДејвисФармингтон1852306,47910.79 %634 ми (1,640 km2)0.75 %
ДушејнДушејн191518,6070.62 %3,256 ми (8,430 km2)3.84 %
ЕмериКасл Дејл1880109760.38 %4,462 ми (11,560 km2)5.26 %
ГарфилдПејнгвич18824,6580.17 %5,208 ми (13,490 km2)6.13 %
ГрандМоаб18909,5890.35 %3,694 ми (9,570 km2)4.35 %
АјронПарован185246,1631.63 %3,302 ми (8,550 km2)3.89 %
ЏуабНефи185210,2460.36 %3,406 ми (8,820 km2)4.01 %
КејнКејнаб18646,5770.24 %4,108 ми (10,640 km2)4.84 %
МилијардФилмор185212,5030.44 %6,828 ми (17,680 km2)8.04 %
МорганМорган18628,6690.32 %611 ми (1,580 km2)0.72 %
ПајутЏанкшн18651,4040.05 %766 ми (1,980 km2)0.90 %
РичРандолф18682,2050.08 %1,086 ми (2,810 km2)1.28 %
Солт ЛејкСолт Лејк Сити18521,029,65537.37 %808 ми (2,090 km2)0.95 %
Сан ХуанМонтисело188014,7460.55 %7,933 ми (20,550 km2)9.34 %
СанпитМантај185227,8220.93 %1,603 ми (4,150 km2)1.89 %
СевиерРичфилд186520,8020.73 %1,918 ми (4,970 km2)2.26 %
СамитКолвил185436,3241.32 %1,882 ми (4,870 km2)2.22 %
ТуилаТуила185258,2182.08 %7,287 ми (18,870 km2)8.58 %
ЈуинтаВернал188032,5881.09 %4,499 ми (11,650 km2)5.30 %
ЈутаПрово1852516,56419.40 %2,141 ми (5,550 km2)2.52 %
ВасачХебер186223,5300.77 %1,209 ми (3,130 km2)1.42 %
ВашингтонСент Џорџ1852138,1155.03 %2,430 ми (6,300 km2)2.86 %
ВејнЛоа18922,5090.09 %2,589 ми (6,710 km2)2.90 %
ВеберОгден1852231,2368.31 %659 ми (1,710 km2)0.78 %

Поголеми градови и населени места

Населението на Јута е сконцентрирано во две области: Васач Фронт, кој се наоѓа во северниот централен дел на државата и има население од над 2 милиони, и југозападна Јута, која е позната како Јутас Дикси и има население од околу 150,000 жители.

Според пописот од 2010 година, Јута била втора најбрзо растечка сојузна држава во САД со 23.8 проценти во периодот од 2000 до 2010 година, веднаш зад Невада. Сент Џорџ е исто така втор најбрзо растечки метрополски регион во САД.

Трите најбрзо растечки окрузи во периодот 2000-2010 година биле Васач (54.7%), Вашингтон (52.9%) и Туила (42.9%). Сепак, округот Јута добил најмногу прилив на население (148,028).

Ранг во
Јута
ГрадНаселение
(2010)
во градско подрачје
ТериторијаГустина на
население
(/mi²)
Густина на
население
(/км2)
Округ
1Солт Лејк Сити186,440109.1 ми (283 km2)1,666.1630Солт Лејк
2Вест Вели129,48035.4 ми (92 km2)3,076.31236Солт Лејк
3Прово112,48839.6 ми (103 km2)2,653.21106Јута
4Вест Џордан103,71230.9 ми (80 km2)2,211.31143Солт Лејк
6Орем88,32818.4 ми (48 km2)4,572.61881Јута
5Сенди87,46122.3 ми (58 km2)3,960.51551Солт Лејк
7Огден82,82526.6 ми (69 km2)2,899.21137Вебер
8Сент Џорџ72,89764.4 ми (167 km2)771.2385Вашингтон
9Лејтон67,31120.7 ми (54 km2)2,823.91153Дејвис
10Тејлорсвил58,65210.7 ми (28 km2)5,376.12094Солт Лејк

Галерија

Национален парк Кањон Брус
Солт Лејк Сити
„Еденска градина“

Местоположба

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Општо

Влада

Воени

Карти и демографија

Туризам