Јуриј Николаевич Рерих ( руски: Юрий Николаевич Рерих) роден во Окуловка, на 16 август 1902 година, а починал во Москва, на 21 мај 1960 година бил руски и советски ориенталист, етнограф, патописец, лингвист, историчар на уметност, специјалист за истражување на јазикот и културата на тибетскиот народ. Бил доктор по филолошки науки, а работел и како професор по филозофија и историја на религијата на Катедрата за ориентални студии на Советската академија на науките и како директор на Институтот за хималајски студии Урусвати. Напишал обемен англиско - руско - тибетски речник во 11 тома, а на руски и англиски го превел обемното дело „ Сини анали “ кое се занимава со духовните традиции на Тибет низ историјата.[1]
Неговиот татко, Николај Рерих, бил познат руски сликар и истражувач, а неговата мајка Јелена студирала источна филозофија.