Јуриј Оганесјан

руски физичар

Јуриј Цолакович Оганесјан (руски: Юрий Цолакович Оганесян, ерменски: Յուրի Ցոլակի Հովհաննիսյան; р. 14 април 1933) — руски јадрен физичар со ерменско потекло.[1] Важи водечки стручњак во светот во истражувањето на супертешките елементи.[2] Заедно со неговата екипа, ги открил најтешките елементи во периодниот систем.[3][4] Добитник е на многу награди, признанија и одликувања од руската и советската држава.

Јуриј Оганесјан
Юрий Цолакович Оганесян
Յուրի Ցոլակի Հովհաննիսյան
Оганесјан во 2011 г.
Роден(а)14 април 1933(1933-04-14)(91 г.)
Ростов на Дон,  РСФСР
Националноструска, ерменска
Полињајадрена физика
УстановиЛабораторија за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“
ОбразованиеМосковски инженерско-физички институт
Познат посооткривач на најтешките елементи во периодниот систем; по него наречен елементот оганесон

Образование и научна работа

Оганесјан е роден во Ростов на Дон. Во 1956 г. дипломирал на Московскиот инженерско-физички институт (МИФИ). На возраст од 28 години стапил во групата на Георгиј Фљоров во Обединетиот институт за јадрени истражувања во Дубна.[2]

Денес е главен научен раководител во Лабораторијата за јадрени реакции „Г.Н. Фљоров“ (ЛЈРФ).[5] Околу 1970 г. го измислил ладното соединување кај нуклеосинтезата „атом по атом“ (несродна со истоимената псевдонаучна соединување), а во доцните 1990-ти прв ја вовел топлата соединување.[2] Во 2009 г. научници од САД го потврдиле откривањето на флеровиумот, кој Оганесјан и неговата екипа го направиле пред повеќе од една деценија.[6] Оганесјан е значаен истражувач на полето на островите на стабилноста, а работи и на истражување на оливинот и паласитот, со надеж дека ќе најде супертешки елементи во природата.[2]

Оганесон

Во ноември 2016 г. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) објавил дека елементот 118 отсега се нарекува оганесон во чест на Оганесјан.[7][8][9] Иако веќе постојат дузина елементи наречени по личности[10] оганесонот е еден од само два елемента наречени по жив човек (другиот е сиборгиумот, наречен додека Глен Сиборг уште бил жив).

Наводи

Надворешни врски