Јохан Христијан Фабрициј

Јохан Кристијан Фабрициј (7 јануари 1745 - 3 март 1808) бил дански зоолог, специјализиран за инсекти, за кои во тоа време ги сметале сите членконоги: инсекти, клештари, ракови и други. Бил студент на Карл Линеј и се смета за еден од најважните ентомолози од 18 век, кој именувал скоро 10,000 видови на животни и ја поставува основата за современото класифицирање на инсекти.

Јохан Христијан Фабрициј
Јохан Христијан Фабрициј
Роден(а)7 јануари 1745(1745-01-07)
Тондер, Шлезвиг
Починал(а)3 март 1808(1808-03-03) (возр. 63)
Кил, Холштајн
НационалностДанец
Полиња
Авторска кратенка (бот.)J.Fabr.
Авторска кратенка (зоо.)Fabricius

Животопис

Јохан Кристијан Фабрициј e роден на 7 јануари 1745 во Тондер (Tønder) во Шлезвиг каде што татко му бил лекар.[1][2]Гимназија учел во Алтона од каде што се запишал на Универзитетот во Копенхаген во 1762 година.[3] Подоцна со татко му и својот роднина Јохан Зоега, кој бил ентомолог и ботаничар заминува да студира на Универзитетот во Упсала под менторство на Карл Линеј. После две години се враќа во Данска и ја започнува својата работа на (лат.)Systema entomologiæ која што е објавена во 1775 година.[3] За сето ова време се издржувал со стипендија од татко му кој работел како консултант во првата данска болница основана од кралот Фредерик V.[3]Фабрициј бил назначен за професор во Копенхаген во 1770 година, а во 1775 или 1776 Универзитетот од Кил го назначува за професор по природни науки и економија, ветувајќи дека ќе изградат Природнонаучен музеј и ботаничка градина.[2] Трипати се обидел да го напушти професорското место во Кил при што во еден од обидите по апел на неговите студенти бил спречен од кралот и Војводата од Шлезвиг - Кристијан VII.[2] Во Кил останал до крајот на својот живот.[1]

За време на престојот во Кил, преку лето постојано патувал во Лондон за да ги проучува колекциите на британски колекционери, како Џозеф Бенкс и Дру Дјури.[4] Кон крајот на кариерата, Фабрициј поминувал поголем дел од времето и во Париз каде што често се среќавал со Жорж Кивје и Пјер Андре Латреј.[2] Бил доста заинтересиран и за настаните поврзани со Француската револуција. Кога слушнал за британскиот напад врз Копенхаген во 1807 година, Фабрициј се вратил во Кил, нарушувајќи го своето и онака веќе кревко здравје. Починал на 3 март 1808 година, на возраст од 63 години.[2] Неговата ќерка починала во несреќа во Париз, но останале двата негови сина, кои подоцна студирале медицина.[1]

Еволуција

Еволутивните идеи на Фабрициј не се добро познати. Верувал дека човекот потекнува од големите мајмуни и дека може да се формираат нови видови со хибридизација на постојните.[5] Бил наречен и „Татко на Ламаркизмот“ заради неговата верба дека може да се формираат нови видови со морфолошка адаптација.[5][6] Пишувал за влијанието на животната средина врз развојот на видовите и феноменот на селекција (женките претпочитаат најсилни мажјаци).[5][7]

Работа

Фабрициј се смета за еден од најголемите ентомолози на XVIII век.[2] Бил многу поголем набљудувач на инсектите од својот ментор-ботаничар Карл Линеј. Именувал 9776 видови на инсекти, наспроти списокот на Линеј која содржи околу 3000.[7] Идентификувал многу видови од фамилијата Tenebrionidaeсоберени од Синај во Египет врз основа на колекциите на други ентомолози.[8]Во системот за класификација додава две различни области. Почнува да ги разгледува и вештачките и природните одлики на инсектите. Вештачките одлики овозможуваат определување на видот, а природните овозможуваат определување на врска со други родови и видови.[7]За разлика од класификацијата на инсектите на Линеј, која била заснована на бројот на крилата и нивната форма, Фабрициј ја користел формата на усните делови за да ги раздели видовите кои тој ги нарекол класи.[7]

Се држел до тоа дека „оние чијашто исхрана и биологија се исти мора да припаѓаат на истиот род“.[9] Системот за класификација кој го предложил останал истиот сè до денес, иако имињата не се исти. На пример неговото име за редот тврдокрилци е „Eleutherata“, наместо модерниот назив Coleoptera, за редот Hymenoptera го користел називот „Piezata“; сè уште се употребува терминот Glossata, но за помала група на пеперуги, а не за цел ред. Предвидел и дека машките гениталии може да обезбедат корисни одлики за систематика, но не можел самиот да го примени тоа.[9]

Во 1775 година го поделил родот краткокрилци (Staphylinidae) воспоставувјќи го и родот „Paedarus“. Линеј го сметал овој род за единствен кој го нарекувал „Staphylinus“. Фабрициј опишал 77 видови на краткокрилци.[10]

Негови позначајни дела во систематската ентомологија се:[7]

Многу од овие дела може да се најдат во следните дигитални библиотеки:

Колекциите на Фабрициј се распоредени во Природонаучниот музеј Лондон, француски: 'Muséum national d'histoire naturelle', Париз, Hope Department of Entomology, Оксфорд, the Hunterian Museum and Art Gallery, Глазгов, Zoological Museum во Кил и дански: 'Statens Naturhistoriske Museum', Копенхаген.[2]

Има напишано и неколку дела за економија, иако се помалку важни од неговата работа како ентомолог. Ги напишал: дански: Begyndelsesgrundene i de økonomiske Videnskaber (1773), германски: Polizeischriften (1786–1790) и германски: Von der Volksvermehrung, insonderheit in Dänemark (1781).[3]

Наводи

Надворешни врски