Јохан Вансумерен

белгиски велосипедист

Јохан Вансумерен (холандски: Johan Vansummeren; р. 4 февруари 1981 во Ломел) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[2]

Јохан Вансумерен
Вансумерен на Критериум ди Дофине 2011
Лични податоци
Цело имеЈохан Вансумерен
ПрекарСуми[1]
Роден4 февруари 1981(1981-02-04)(43 г.)
Ломел,  Белгија
Висина1,97 м
Маса76 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2002

2003
Домо-Фарм Фритес (стажант)
Квик Степ-Давитамон-Латекско
Професионални клубови
2004
2005–2009
2010–2014
2015-2016
Релакс-Бодисол
Давитамон-Лото
Гармин-Транзишанс
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Париз-Рубе (2011)
Трка околу Полска (2007)
Бодовен пласман
Трка околу Британија (2006)

Животопис

Вансумерен е роден, пораснал и живее во Ломел, Фландрија, Белгија.[3] Со 1,97 метри, Вансумерен е меѓу највисоките велосипедисти во групата.

По две сезони во аматерските води, Вансумерен станал професионалец со екипата Релакс-Бодисол во 2004 година.[3]

Улогата на Вансумерен е главно како помошник, меѓутоа на класиците настапува самостојно и како предводник на својата екипа.[4] Во 2011, Вансумерен ја освоил најголемата трка во неговата кариера со победата на Париз-Рубе. Вансумерен го направил победничкиот потег по одвојувањето од другите тројца возачи на 15 километри пред крајот, одржувајќи ја разликата на 19 секунди на велодромот во Рубе.[5][6] Ја освоил трката и покрај тоа што завршните пет километри од трката ги поминал со дупната задна гума.[5]

Вансумерен потпишал со Аг2р-Ла Мондијал за сезоните 2015 и 2016.[7]

Во јуни 2016 година го објавил своето повлекување од спортот откако му бил пронајден проблем со срцето, кој бил откриен во февруари на Трката околу Оман 2016, што предизвикало да ја пропушти целата сезона на класици.[8]

Достигнувања

2003
1. Лиеж-Бастон-Лиеж за под 23 години
2. Светско друмско првенство за под 23 години
3. Краен пласман Бевербек Класик
2004
10. ГП Еди Меркс
2005
4. Краен пласман Тур Даун Андер
2006
1. Бодовен пласман Трка околу Британија
2007
1. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 7
1. Етапа 1б (ТТТ) Сетимана Сиклистика Интернационале Копи-Бартали
2008
8. Париз-Рубе
17. Амстел Голд Рејс
2009
5. Париз-Рубе
12. Краен пласман Тирено-Адријатико
2011
1. Париз-Рубе
1. Дуо Норман (со Томас Декер)
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
9. Париз-Рубе
10. Страде Бјанке
2014
10. Курне-Брисел-Курне

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка2004200520062007200820092010201120122013201420152016
Џиро
Тур1361096286902914774СО
Вуелта35707988118121

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Спортски позиции
Претходник
Штефан Шумахер
Трка околу Полска
2007
Наследник
Јенс Фогт
Претходник
Фабијан Канчелара
Победник на Париз-Рубе
2011
Наследник
Том Бонен