Јист

остров и општина во округот Аурих, Источна Фризија, Германија

Јист (германски: Juist; долногермански: Juist) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Боркум (запад), Мемерт (југозапад) и Нордернај (исток).

Јист
Воздушен поглед на Јист од исток
Воздушен поглед на Јист од исток
Воздушен поглед на Јист од исток
Знаме на Јист
Грб на Јист
Јист во рамките на Германија
Јист
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругАурих
Месни единици2
ГрадоначалникТјарк Гергес
Основни податоци
Површина16,43 км2
Надм. височина3 м
Население1.534 (31 декември 2020)[1]
 - Густина93 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.AUR
Пошт. бр.26557–26571
Повик. бр.04935
Порталjuist.de
Местоположба на Јист во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати53°40′43″N 6°59′51″E / 53.67861° СГШ; 6.99750° ИГД / 53.67861; 6.99750

Островот е долг 17 километри, а широк од 500 до 1000 метри, во зависност од водостојот на плимата. На островот постојат две села: главното село Јист и Лог. Островот е одвоен од Норденај со морскиот премин Нордернај („гат“).

Географија

Местоположба

Јист е германски остров во јужниот дел на Северното Море, кој припаѓа на островската група Источнофризиски Острови и на Источна Фризија. Јист има површина од 16,43 км2. Најголемата оддалеченост од копното е околу осум километри. На запад од Јист се наоѓа островот Боркум, додека на југозапад е островот Мемерт. На исток, одвоен со морските премини („гат“) Шлухт, Шпаниер и Нордернај, се наоѓа островот Нордернај. Помеѓу Борким и Јист се протега Кахелотплате, кој се развива од песочен брег во остров, додека западно од него тече источниот ракав на Емс. Делови од островот и Ваденското Море припаѓаат на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Дините на островот достигнуваат височина од околу 22 метри. Највисока дина е онаа каде се наоѓа Водокулата Јист со височина од 22,1 метар.[2]

Клима

Климата на островот Јист е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.

Клима на Јист
ПоказателЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Просечна максимална (°C)457111417202017138511,8
Просечна температура (°C)2,53,55,09,512,015,017,518,015,011,06,53,59,9
Просечна минимална (°C)123610131516139527,9
Просечно кол. врнежи (мм)555168414253879676837269793
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм)201818141416171818192120213
Влага (%)91878580787980788285889383,8
Сончеви часови (дневно)1,72,54,16,37,47,46,96,15,13,42,01,34,5
Извор: Klimatabelle auf wetter24.de, Klimatabelle auf tourlogger.de

Придвижување на исток на островот

Плажата и дините на Јист во западните дел се измивани од морето. Ова се случува поради промена на струите и нестабилниот песочен брег. Песокот на плажите на сите Источнофризиски Острови се движи од запад кон исток. Во делови, каде поголемиот дел од песокот е одвеан или одмиен од морето, плажата станува потесна и пониска, што може да доведе до рушење на дините. Овој ефект придонесува за источно придвижување на Источнофризиските Острови. Сите острови, освен Јист и Лангеог, се бранат со бетонски брани. На Јист бил подигнат заштитен ѕид во 1920 година, кој денес е покриен со песок.

Во некои делови на Јист, особено на исток и кај Калфамер, има повеќе песок донесено ветрот отколку однесено, поради што има широка плажа со зголемување на дините кон исток.

Историја

Во XVII и XVIII век, Јист бил поделен на два дела од неколку плимни бури (како Светипетрова поплава). Околу 1770 година, луѓето започнале на јужната страна да создаваат брана со дини долга два километри. Во 1928 година, северната страна била обновена. Во тоа време, водата во езерото Хамерзе станала од солена во слатка вода. На 9 септември 2001 година, граѓаните на Јист гласале за нивниот градоначалник по првпат.

Стопанство

Туризмот е главен извор на приходи за стопанството на островот. Скоро сите градби на островот поседуваат соби за издавање, а воедно постојат неколку хотели и младински хостел. Постои островско партнерство помеѓу Јист и островот Хидензе во Балтичкото Море.

Значајни луѓе

  • Мартин Лузерке (1880-1968) — прогресивен педагог

Галерија

Наводи

Надворешни врски