Јирген Колер

Јирген Колер (роден на 6 октомври 1965, во Ламбшајм) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој играл на позицијата централен одбранбен играч.

Јирген Колер
Лични податоци
Роден на6 октомври 1965(1965-10-06)(58 г.)
Роден воЛамбшајм, Западна Германија
ДржаваЗападна Германија Западна Германија
Германија Германија (од 1990)
Висина&100000000000001860000001,86 м
Играчки податоци
Позицијаодбрана
Повлекување2002
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1983–1987Валдхоф Манхајм Валдхоф Манхајм95(6)
1987-1989Келн Келн57(2)
1989-1991Бајерн Минхен Бајерн Минхен55(6)
1991-1995Јувентус Јувентус102(8)
1995-2002Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд191(14)
Репрезентација
1988-1999Германија Германија105(2)
Раководител на екипите
2002–2003Германија Германија 21
2005–2006Дисбург Дисбург
2008Ален
2012Бонер
2013-2015Виргес Виргес
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Кариера

Тој се повлекол од професионалниот фудбал во 2002 година на возраст од 36 години, а последната сезона ја одиграл во дресот на Борусија Дортмунд, клуб со кој ја освоил Лигата на шампионите во сезоната 1996-97. Пред Борусија, Колер играл за екипите на Манхајм, Келн, Бајерн Минхен и Јувентус. Во својата долга и богата кариера Колер освоил уште три наслови во Бундеслигата (еден со Бајерн и два со Борусија), еден во Серија А (Јувентус), еден Куп на УЕФА (Јувентус) и еден наслов од Интерконтиненталниот куп (Борусија Дортмунд).

За репрезентацијата на Германија, Колер одиграл вкупно 105 натпревари и постигнал 2 гола. Во моментов тој е на петто место на вечната список на играчи со најмногу настапи за германската репрезентација. Најголемите успеси на репрезентативно ниво му се освојувањето на Светското првенство во Италија во 1990 година и на Европското првенство во 1996 година. Вкупно настапил на три Светски и три Европски првенства.

Титули

Клупски

Бајерн Минхен

Јувентус

Борусија Дортмунд

Репрезентативни

Репрезентативни голови

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
04/06/1996МанхајмГерманија 9 – 1  ЛихтенштајнПријателска1
18/02/1998МускатГерманија 2 – 0  ОманПријателска1
ВкупноНастапи105Голови2

Надворешни врски